Имма другарка вика дека е задоволна само кога го држела во раце знаело некогаш да и протече најверојатно му се изместувала пелената и снашка моја ги имаше користено нив задоволна беше
Јас од почеток имав земено и во болница такви и ставаа па затоа и дома продолживме со 1 (се роди 2.6кг) така да одговараше бројчето.Кога беше околу 3,5кг почна да прокиснува па зедов 2ка и пак се ок сега, за натаму ќе видиме за кратко ќе правиме 2 месеци, немам многу искуство ова што е до сега е ок, нема црвенила, преку ноќ не менувам околу 10-12 часа е со иста пелена и е ок.
Да ми препорачате добри пелени за осетливо газе, за новороденче, од кога ја донесов од болница ми е црвена, сега и со точки нафрлана, моментално користам памперс премиум , све мислам дека од нив бетер и е
Пробај со виолета. Не сум имала проблем со пелени до сега имам пробано виолета бејби лове. Пуфис памперс премиум и памперс актив бејби. Ама пробај ако не си виолета нежни се внатрешниот дел и кздржливи.
Фала женски Купив виолета, ќе видиме сега како ќе и биде. Мака мачиме со тоа газе, све пробав, флогоцид, канестен, Веледа со цинк, сега последно судокрем и декотал со канестен, ја оставам по саат ипол гола да и диши газето,и миење на секое какање.
Ако не бива и така пробај ставај тетра пелена на внатрешноста дс не доага газето во контакт со пелената директен.
И јас пробав се и откако матичната ми кажа за Еозин раствор(во секоја аптека го има) сега во секое време го имам дома,закон е.Многу брзо се повлекува и црвенило и ако е нафрлано газето.
Еве неколку дена сме со Виолета пелени, и има подобрување. Неможам да тврдам со сигурност дека е од памперс пелените, ама има голема веројатност. @K!k!k0k0s ќе го земам и растворот, фала
Не си прва што имала проблем со памерс да се вцрвенува газе има и други членки иако се најскапи некогаш најефтините се подобри.Виолета се најпамучни доста држат по 12 часа и не пропуштаат и дише кожата. И од пуфис сум задоволна само мислам дека гел имаат тие и малку потешки се и бројчињата им се за еден број помал од сите пелени али суво газе секогаш имаше со нив
Мајка и на моето последните 2 пати што купив од зегин додека беа на попуст, истото ни се случи. Се посомневав на квалитетот поради што многу евтини доаѓаа, на второто 50% попуст беа. Сега сме со диаперс и се среди. Тие во мало пакување се доста подебели и подобри за ноќе, не пропуштаат. Другите за денски се ок и црвенилото се повлече.
I na nas od pampersot pred dve god ni se stvori crvenilo sega sme na violeta I ok se e sega sakam da prasam sakam kerka mi da ja odviknam veke od peleni no neznam kako
Нема врска ова што биле на попуст па не биле квалитетни. Цело време така ги земам, не знам колку пакувања сум потрошила купувајќи со ваков попуст и малиот нема никаков проблем.
И јас така земам. Може до пратката да е нешто. На постарата така и се случи еднаш. После продолжив пак и немаше гајле. пуфис џиџе каде има?
А на пример што може да е до пратката? Менуваат материјали? Не ги прават секогаш исти? Знам дека може да не им се погодат пелени на бебињата или нешто друго ако предизвикува црвенило или осип, но чудно ми е да менуваат во производство или да ризикуваат да продаваат неквалитетни на попуст без да кажат. Ептен ми е погоден попустот. Земам два комплети по две пакувања и добивам едно пакување бесплатно.
И фабриките не работат секогаш со исти материјали. Што има , тоа набавуваат. Така се менува квалитет.
Не знам дали е конкретно за пелениве и како работат. Ама како и сите и фабриките работат на тој принцип. Сигурно има моменти кога нешто е потребно, а нема на лагер каде набавуваат, па работат со нешто друго.
Памук и памук не е исто. А пак е памук. Веројатно ако некој добавувач заменат и сл. се менува нешто. Веројатно технолошки е исто, ама кај бебињава има реакција. Едно време имаа проблем со фабриката во Полска (се запали ако не се лажам) и се носеа од друга локација.
Имаш прва втора и трета класа на матерјали затоа и се поефтини рокот на пелените е препечатен(ова го прават со храна не па со пелени) постар матерјал повеќе стоен каде е стоен и ред други работи од предходно може останале една палета со поминат рок прераспределени низ цела Македонија и на некои ќе се појави осип на некои не зависи