Па планирав да почнам, иако не знам од кои причини се носат гаќичките. Само поради практичност за облекувањето? Сакав да земам баш од Памперс актив.
Јас од 13 месеци неможев веќе да ја фатам да ја пресоблечам. Затоа само почнав pants. Не од друга причина. Вака во стоење, трчање, еден ја држи крената, другиот облекува Ако сменам три на ден, на коњ сум @Brpbrp Ги пробав и нив. Мене ми протекуваа. Плус многу се поскапи од памперс,с понеквалитетни. Барем нас. Исто пуфис гаќички ми се погодија.
@0ли јас се префрлив на pants. Како гасеница е мојава,една секунда не лежи,ми се воспалуваа мускулите од држење и враќање на место.Па залажувај ја со играчки,едвај лепев пелена. Сега сум пораат,во скут ја држам и облакам.Плус практични се дека лази и се исправа и паѓа,па не се изместуваат. @elimkd Pampers има до 8ца,бар овде кај мене.
Ќе морам и јас, ептен е напорен за облекување, како што велиш само го враќам на место. Го викам мм да го занимава и најчесто ни тоа не пали веќе, мирен ни секунда не застанува. Почнав да користам Памперс премиум 5, да земам гаќи исто број 5?
Да,исти се.До 5 ка стасавте? На 4ка е мојата,мислев уште долго да терам со нив 9.200 беше пред месец.
Мене па за зима не ми се практични гаќичките. Наутро кога му соблекувам пижами да, ама денски кога носи тренерки и патики, дупла работа е.
Скоро 9 кг, денес го мерев 8970 гр е тежок. Дење му ставав 4ка, океј му се, а ноќе обавезно 5ка бидејќи му пропуштаа. Ги потрошив четворките конечно после три месеци, а петки имам 4 пакувања, па планирав дење гаќи, а ноќе да продолжам со петките со лепенки. И сега не знам дали 4ка или 5ка @MilaSs12 Нашиве не носат патики, мали се
Исто и јас ако оставам се лом ќе направи и чорапи и кај што го пресоблекувам Барем мене по комплицирано ми е да му оставам до пола тренерки
Да ви го кажам моето искусто во врска со памперсите. Ќерка ми ја пораднав со Памперс,дали обичен дали гаќичките кога беше поголемка,дали Премиум што во тоа време кај нас тешко се наоѓаше па одевме често во соседството и од таму го носевме со пакети. И ок тоа помина што помина. Сега со второто по скоро 9 години пак си почнувам со Премиум како најдобро нели? Барем јас така бев убедена. Читам форуми ми фалат Дајперс,Слипи,Виолета,Бекутан..... се чудам кога пишуваат дека никако не им протопиле а моето со Премиум лом се прави. И поголеми бројчиња пробував ама никако да е сув. Еден ден одам кај мајка ми и заборавам памперси одам во Жито маркет таму Премиум не најдов и купив Виолета. Беше на попуст некои 550 ден и плус во него има помало пакетче влажни. (Ние влажни од раѓање не користиме но тоа нема веза,ги користам за да му го пребришам дубакот или хранилката). И не дека имав некои очекувања туку си мислев ако не се добри ништо,да издржиме овие ден-два. Од тогаш повеќе не ги сменив. Никакооооо не ми протопија,ама никакооо. Само вчера кога го ставив во дубалката и кога го земав беше малку мокар ама памперсот не му беше сменет неколку саати. Јас погрешно сум мислела и сега на сите им кажувам дека не е се до цената. Мене овие ми се погодија,можеби др.и поевтини ќе се и подобри но овие за сега не ги менувам.
Не Во Систина Бекутан им ставаат и за дома во пакетот ставаат мало пакетче но само една од нив му ставив и толку. Многу се крути и му направија благо црвенило затоа што само саат време му беа ставени. Да ја преспиеше ноќта со него не знам какво ќе му беше газето.
Во Зегин има акција на Виолета пелените бр 6 86 парчиња 799 ден. Ќе има нови пелени виолета и ги чистат старите.
Нема нигде такви, јас се тие ги користев најпогодени беа. Мислам кажа некоја мајка во Вива фреш ги имало ама никако не ми текнало натака да отидам.
Ако ти е за споредба. Ние сме 10.5 кг. Од обичните пелени памперс актив бејби користев 5-ка,а од гаќички користи 4-ка.Големи и се петка. И се смкнуваат
Ќе земам четворка тогаш. А колку има во пакување? И кога ќе биде искакан, има некоја финта за соблекување?
Јас купувам џамбо кутија. 72 пелени 940 во зегин. Тамо се најевтини. Сега имаат акција од 104 пелени за 1200 денари. Финта нема, се кинат пелените. Јас мојава на допир и мирис знам дека е какана. Или ѕиркам