И моето момче исто 18 месеци е и често менувам ама сите пропуштаат сите,а и сите ги пробав,ама баш сите само не сум ги пробала во ДМ.Иначе убаво им ги местам лепам ама.... утоп е.
офф мака голема, се буде сред нок па мокар па плака на соблекување, јас мислев до пелените е но не, до детето ке си е
Од сите пелени му пропушта? Пример 5 му менуваш и од сите 5 му протекува? Јас Кан бебе ги користам вака се покажаа добри ги пуни скроз навечер сабајле сув е нема протечено.А од Виолетата ниедна пелена дури и со поголем број ми нема протечено.
Големина на Виолета пелените во споредба со Памперс како се? За бебче околу 8кг 4рка или 5ка би одело?
Памперс актив бејби користам 4ка а виолета користам 4+ или 5, е сегс петкатс му се ептен комотни и лепенките ги лепам една до друга а на другиве се одделени за да не го прежилува на нозете. Бебето е 9кг , 4 ка виоелта користев долго време до 8,500-700 гр. Тежина потоа на нозете го бележеа си има бутчиња ама секое дете е различно во градба. Така тоа со кг и големините не ми е баш веродостојно.
Како ви пропуштаат? 3 деца до сега па ни една пелена немало да пропушти, едино ако убаво не ја наместам. Или да наеднаш ја препуни. Од страните има како крила тое се вадат надвор и така си држи и по цела ноќ. Е сега ако ептен се буди и цица знае да се преполни ама не и да пропушти. Јас му ставам памперс актив или премиум. 3.
Машко ли е? Моето е машко и ако му ја ставам подоле пелената, а бидејќи спие на стомак и ја притиска,знае кога е полна да пропушти. Ова ми се случуваше со памперс актив. Сега сме на Виолета и немам мака.
Читав на фб во групите многу ги фалеа Молфикс пелените па денес во малско продавниче начекав и зедов за проба. Одлични се, тенки, газето суво, ептен ми се допаднаа. Препорака од мене, иако и од Виолета сум презадоволна.
Здраво, детето е скоро 16 кг сакам да земам виолета број 6 така? До сега користевме pampers active ама почнаа да пуштаат
Исто и јас не се водам по килажата. Бебе уште од мала има дебели бутчиња и затоа поголеми бројчиња пелени и ставам
Мајки, Sleepy пелени за новороденче сте пробале? Со син ми тие ги користев од 4-ка до крај, поубави пелени немаше. Памперс нема шанси да купувам, сакав Babylove ама на сакање остана затоа што во три DM влегов и немаше мало бројче. Пораснати ми се децата и врска немам со пелените сега, овие ги памтам како последни.
Не секоја вечер, но доста често знае да пропушти, знам како се става пелена, прво дете ми е, но претодно сум ставслс на други блиски од фамилијам, плус некогаш и кога свекрвата му ја стави и од неа пропушта исто и од мажот ми.. се буди точно на 2ипол часа 3 дс јаде и почнав да ја менам секогаш кога се буди, др чаре нема...
дебели ти се слипи, бар на мене дебели ми се чинат. Вчера во сити мол имаше бројчиња на сите пелени, што и чудно ми се виде генерално ДМ се крш со залихи на нивните продукти. Многу често нешто нема и ќе мине време дур не го добијат. Јас премиум користам, па отпаѓаат за препорака Доста ги фалат Виолета.
и јас мака со пелените таман ги пофалив Пуфис одма ме разочараа Изглеа со машкиве е така, на ќерка ми при одвикнување и ставав Пуфис и ноќе пелена преполна не пропушти никогаш до сабајле а носела , а кај него секоа вечер неделава го преслекувам па се расонува па дури презаспие вчера слипи ми донесоа 2ка мало пакетче , ама плитки некако, мали , вака добро стоат само подебелки идат од другиве ама меки се не се крути , а и сабајле пропуштиа каките и тоа малку беа , грбче лом .. ќе ме излудe овоа Со ќерче на прсти се брое пропуштени пелени колку имаше , а не па ноќе да преслекувам секоа вечер по два пати Се мислам да земам Виолета за проба или да си се вратам на Памперс да не експериментирам , со нив почнав у болница и првите денови дома ама мислам не беше вака ..
Јас користев слипи гаќички и исто секоја какана пелена пропушташе од страна. Користев бејби лав ама дека нема никаде 5ка пакет се префрлив на Виолета. Задоволна сум,машко дете