Здраво. Ми треба совет за гаќички. Бебето е скоро 7 месеци и од прилика 8кг. Дали има за таа тежина гаќичи и кои би ми ги препорачале? Дали од Памперс има различни гаќи или само Актив Бејби.. И уште дали има разлика меѓу актив бејби и памперс оригинал обичните пелени и каде ги има памперс оригинал?
Барам по аптеките и маркетите Pampers Sensitive, никаде нема, место Sensitive, веднаш ми ги предлагаат Pampers Premium Care за чувствителна кожа. Дали повеќе ги мема Sensitive, јас пред 4 години ги користев за поголемата ќерка кога се воспалуваше, но сега во нашиот град ги нема, а недобив одговор од аптеките дали воопшто ги нема моментално?! Кои пелени и влажни марамчиња ги користите за вашите малечки коишто имаат почувствителна кожа?
Јас сум многу задоволна од хипо на база на вода 4 пакувања по 56 марамици се околу 230 ден. Исто и виолета 99% вода се одлични.
Цела година веќе ги користам Слипи новите и задоволна сум. Со првото менував разни, ама сега слипи ептен ни се погодија.
Има да , баш вчера ги завршив имав земено мало пакување од 42 пелени па ако не сум грешка 250 - 300д беше , меки добри се , мене малку плитки ми беа мал модел е .. Натаму може пак ќе ги пробам
Има јас сега користам 5 џамбо паковање 72 пелени има и помали паковања. 5 е околу 650 мислам. До кај 700 се движат сите џамбо пакети. Мене ми се најисплатливи не мирисаат не мириса на мочка кога е полна пелената и има индикатор за колку е полна пелената на сите.
Памперс актив 4 менале дезен. Незнам од која локална аптека ги земал мм . Јас од зегин 6ка земав но не беа сменети. Многу се слатки и со мајмунче има
јас сум заљубена во дезенот на бејбилав 3 со лисичките, жал ќе ми биде кога ќе преминуваме на нареден број.
Задоволни сте од бејбилав? Имаат ли индикатор ? Досега сме на Памперс премиум, ама како да имам читано за овие дека ги фалеа, а и не беа скапи мислам.
^ 3ка немаат, затоа се зачудив. ама па не дека ми треба, осеќам топка кога е изнамочана, а за кака слушам/мирисам. и онака индикаторите веднаш ми се боеја плави до пола кога ќе го избришев прстот од мачкање на тазе пелена.
Виолета користам месец ипол, задоволна сум. 2ка почнаа да и се мали, земав 3ка. Потрошив едно пакетче, ок беа. Вчера го земав второто и од денес веќе приметувам дека почнале да ја стегаат во бутчињата. Што би можела да пробам следно ? Виолета се 500ден пакување и тоа ми е ОК, може и малку поскапи да земам ако тоа заврши работа, не ми е проблем. Слипи гледам ги фалат, која бројка би ја препорачале за 4.5 кг бебе?
А да не ги стегаш многу лепенките? На моето сум приметила лепенките акомму се стегнати се бележи на бутчињата а ако не се толку многу нема ништо.
Бејбилав само 1 едно пакување. Супер беа ама проблем ми е малку со снабдување иако сум во Ск. Затоа решив да не се залажувам со нив туку одма да ги сменам за помалку жал да ми биде
Лепенките гледај да ти се измеѓу мешето и ноџето и кога го префрлаш предниот дел гледај да не го оптегаш многу од тоа се прават линиите . Моето е скоро 10кг корристам 5ка веќе два месеци сега имаат пакување во зегин XXL 799 денари се 94 пелени али мидлам дека само 4ка,5ка и 6ка(ако имаат воопшто) имаат вакви пакувања