да, и јас го приметив истото со лепенките, мислев дека треба да прејдам на нареден број, а наредниот почнува од 8кг, така да нема шанси. има уште 2-3 кила да стави за тоа бројче. како што става на бутки, само пошироко лепенките дур стигне до килажата за наредно бројче.
До лепенките било девојки... Дека пред некој ден протече пелената од што лошо сум ја наместила, почнав да ги стегам малку повеќе и ете ти беља.. Фала ви што ме свестивте Инаку ги видов и ја ххл пакувањата во Зегин по 799 и баш прашав за 3ка, ми кажаа од 4ка почнуваат али ништо страшно. Според тоа како ме плашеа луѓе додека бев трудна дека ќе се изнадаваме пари за пелени, 2000 месечно не ми изгледаат многу. Здравје ако бидат 2 деца, тогаш ќе му ја мислам
Јас никако да најдам соодветни пелени. Се живо испробав. Само Babylove ни се добри, ама брзо ги трошиме, нема залиха кога купуваме и принудена сум да пробувам други. Слипи се тесни, YessBaby претесни, evybaby исто..Пробав уште некои ама ништо не се погодува. Лепенките не можам да ги залепам убаво. Само Babylove и Canbebe се широчки и имаат добри лепенки, ама ете вчера земав од Китго Canbebe во коцкаста кутија и гледам ужас се, лепенките не се растегливи и како најлонска ќеса ги направиле пелените. Ќе полудам.. Не знам какви да земам. Во зегин ми понудија Виолета овие што ги постиравте погоре, ама беља па од тие нема 4+, гледам 4,5,6 има... Ако некоја ги користи дали може да ми сликне пелената каква е дали е широка и да ми каже лепенките дали се растегливи? Синко не е дебел ама широк е само во бутчињата и едвај му ги лепам лепенките. За поголем број гледам дека не е, купив и бр.5 чисто да видам, пелените пак се тесни само подолги.
Даиперс си пробала? Често се на акција, по 400 ден. Немаат 4+ ама 4ката е доволно голема. Лепенките им се ок.
Виолета 4рка, Бејбилав 4+, Памперс актив 5ка Виолетата се скоро исти со Бејбилав, памперсот се потесни а подолги. Само Бејбилав го имаат тоа растегливото позади. А страничните ластичиња на Виолета не се толку еластични како на другиве две ама не се лоши. За навечер неможам да кажам ама за преку ден што ги користам се стварно топ. Канбебе и јас последно земав такво коцкесто пакување и се разочарав. Виолета ги земав тоа XXL пакувањето и стварно се исплати така. А вака за по 10-11 ден пелена ако треба да давам, ќе си земам Бејбилав или па Памперси на акција. (Што приметив со бејбилав 4рка и 4+ им се апсолутно исти)
Е ваква слика сакав. Супер, фала ти. Ќе ги пробам Виолета тогаш. Бејбилав секако ми се омилени, ама кога одам едвај 2 пакувања ако најдам, и до следно одење не ми стасуваат. Не сум пробала, ама не ми се ризикува заради ширината.
А да пробаш со гаќички ? Мислам дека и на слипи има не сум сигурна. Кумата користи на памперс и многу е задоволна.
Ај да ви кажам. Купив Виолета од овие големите пакувања. 4ката е супер. Приближно добри како Babylove, a многу подобри од КанБебе. Баш широчки и супер се лепенките. Конечно најдов нешто добро.
Користам памперс 2, ама почнаа да ми пропуштаат скоро на секое какање. Малата има 5 кг, дали да земам baby love 3, гледам од 4-9 кг се? И ако знаете која цена се
да, џамбо пакување е 829 денари 92 пелени, ги користам подолго од еден месец веќе и ќе продолжам додека не направи 8кг (минималната килажа на наредното бројче).
Фала на инф. незнаев мислев на акција да не беа 799 за xxl паковање. Да одам да земам денес ко е редовна цена таја, ми дојдоја поефтини од слипи а ми се допаднаја дури како подобри би ги сметала од слипи.
Според мене до сега најдобри се покажаа ниедна пелена нема протечено со џамбо паковањево доаѓаат 8 ден. пелена и се исплатат . Гледам сега донеле и во КАМ Виолета само не пишуваше цена која се,а баш ме интересира која би биле
Уште се на акција, баш вчера земавме, ама последни биле во таа аптека (ова за 4-ката). Кога прашал мм каде има уште, му рекле во Чаир дека останало.