Бејбилов1 се многу помалечки од пример Памперс премиум кер1, кога ќе му ставам Бејбилов тесни му се кај бутчињата и му пропуштаат, а Памперсот се одлични сега за сега, и индикаторот за полна пелена е секогаш точен, барем за сега.
Не знам колку се памперс, ама бејби лав се скоро иста цена со Виолета а ми изгледаат некако подобри. Моментално користам 3ка. Купувам џамбо пакување, 92 пелени, 829 ден. Мислам дека 1 и 2 немаат џамбо, ама од 3ка нагоре има.
Памперс Актив 3ка земав пред една недела 104 пелени , околу 880ден не памтам точно , бр 2 зимав 80 пелени 715ден.
Јас купив за новороденче, но не и одговараа, газето и се вцрвуваше, не изби осип, а само црвенка беше, посебно на рабовите, на бутчињата. Ги сменив со Памперс Premium Care, се нормализира, па сега користам само такви. Иначе во коментарите поназад имав читано само позитивни коментари за Baby Love, скоро сите се задоволни. Но се е индивидуално, на некои им се добри, на некој не, еве кај моето бебе се ствараше црвенило на рабовите на ножињата.
Број 2 беа, но точно ластиката околу ножињата им е постегната и покрута, а и бебе може побуцко па го стегало, незнам, исто мислам и помалечки се бројките од Памперс...но кога ги сменивме со Памперсот не и се праврше така.
И јас ги земам памперс актив, во зегин се 899, а во Виа Фарм(незнам дали има низ цела Македонија, во Струга и Охрид има) се 870ден џамбо паковање сите бројки.
Јас за во болница земав 1, ваљда не зезнав работа, ама чим се тесни за дома да си земам 2ка? среќа само едни купив...
Од колку кг почнавте да користите бејбилов 4ка? 3ката мислам дека веќе ја стегаат на бутчињата и се прават црвени линии од ластикот, ама па 4ката ми се некако огромни. 6500 е тешка малата, а 3ката пишува до 8кг. И што е разликата имаше два вида бејбилов 4ки, едните поефтини, другите поскапи?
Мали се 1, а ако се роди над 3 кг, тамам ќе се 2. Ако веќе е 4 кг, треба 3. Еве за во болница може и ок да е 1, не се знае. Но купи си 2 за дома. Веќе од 6 кг натаму користев 4. Гледај ја долната бројка од границата што ја пишува на пелените. Земи си 4 или пробај не ги стегај 3 со ластиците кај мешето. Кај нозете се прави црвено ако се стегнати многу или ако се мали. Тие на коишто пишува nature се поинакви.
Од маркет Дијана , таму секогаш се поевтини сите бр од Зегин , и гратис знае да има омекнувач или влажни некогаш . Ама овие маркети само Кавадарци и Неготино мислам ги има