Да, да над 4кг е. Во болница најверојатно немаше проблем, сестрите му мена пелени неприметија црвенило, но дома веќе втората недела почна да се појавува црвенило.Можно е да е тоа кога качи на килажа и да започна да го стега ластиката.
мало е пакувањето за ова бројче, ќе ти се најдат пелените првите два-три дена ако родиш 2-3кг бебе. нас ни беа супер за тогаш, дома си дојдовме 2900гр, па веднаш прејдовме на бејбилав 2/памперс премиум 1. јас ги зедов бејбилав 4 пробно затоа што ја стегаа 3ката веќе кај бутчињата (околу 6кг), џабе ги одвојував ластиците, ама 4ката дека се од 8кг ѝ беа големи. моментално користам памперс актив 3 додека сме вака меѓу бројче, треба да направат бејбилав 3+ како што имаат 4 и 4+.
Денес ги купив прв пат за проба, доста се економични, добив позитивни искуства. Ги има во Леобебе Прилеп, увозник им е Магнолија по другите градови претежно ги има во продавници со хемија што продаваат. 7 - 14 кила, 4ка 80 парчиња - 465 ден. 30 + 30 пар. - 375 ден./80 +80 пар. - 680
И јас го купив овие Молфикс. Двојката е со 80 парчиња за 579ден. А со акцијата доаѓаат 160 парчиња за тие пари. Исплатливо е, а пеленките не се лоши воопшто, тенки се баш како за сега, не пропуштаат, имаат индикатор.
Јас ве читав назад и не ми е јасно како користите 5ка, 6ка. Јас пелени веќе не ставам ама 4ка имам сеуште од 9 до 14кг се. До душа и ептен таман му се 4ката, ај може 5ка ќе биде ама 6ка нема шанси. Гаќички 4ка исто му ставам од 9 до 15кг ластикот почнува да го стега ама онака му се точни.
Оооо I wish Може лошо се изразив, не е без ништо туку почнав само гаќички памперс да ставам. Едвај и гаќичките му ги облекувам седнат во мене, многу мрда, станува нема шанси пелена да му ставам. Инаку, после секое вадење на гаќичките го носам над вц шолја и си моча, му купив и нокшир, па ќе почнам постепено да го ставам. Од која возраст обично се одвикнуваат скроз од пелени/гаќички?
Јас за спиење обавезно памперс, се друго пропушта ако моча повеќе. А за преку ден комбинирам гаќи и памперси. Индивидуално е, ама околу 2 години.
И ноќе гаќи ставаш? Инаку, ми рекоа одвикнување на околу 2 години. А баш си замислив летово гол и да се одвикнува, но ете рано било.
Зошто рано? Комшиката на две години веќе му ги извади пелените.А на другарка малата веќе е две и пол години пробаа да и ја извадат пелената и видоа дека не им успеа, па пак и ја вратија пелената и сега не можат да ја научат никако без пелени.
Да, цело време е со гаќички, му нема пропуштено досега. Исто и јас си замислив ама тешко. @Brpbrp Оли сакаше да каже сега летото дека е рано зашто ќе бидат некаде 13-14 месеци тогаш и мислам стварно е рано.
Секое детенце си е своја приказна , нема рано или касно , или пак зимо е ладно , лето ќе чекаме , кога е спремно тогаш , самото ќе покаже кога ќе пробаш.. Со ќерка ми почнав на 1г 10м , многу зборуваше кажуваше се веќе тогаш и реков ќе се обидам ( март месец) денски тргнав пеленка на гаќички само мочкаше кога и дојде немаше мака што е мокра , ќе каже од кога ќе се измочка . пробував недела две и паузирав . Пак почнав и веќе се уходуваме полека , само ноќе ставав пелена . Тоа ви е мн важно кога ќе тргните пелена да не враќате . За нецел месец скрос фрлиме пелени и ноќе и дење на 2г1м веќе беше без.
Значи да почнеме од кога ќе почнат да зборат? Немам јас проблем да се измоча/искака во гаќи, ќе перам, само мислев да не има начин порано Тој секако сега само што ги вадев гаќичките одма се исправа и во аголот од гарнитурата си мочаше Затоа почнав над шолја да го носам.
Јас земав Бејбилов,ама имав и некоја памперс премиум, мене па од памперсот ми се сцрвени цел, а не му се тесни. Изгледа секое бебе различно @TweetyBird едни мораш да пробаш секако, бејбилов ми се ок , а и виолета што ни дадоа неколку во болница исто ми се ок, а верувам и тие и тие се поевтини од памперс па пробај. Виолета нз колку се, Бејбилов до 400ден. ги земав 42 пелени.
Е за перење и стругање теписи под бришење со време спремајте се и едно 10+ пара гакички Голем плус е зборењето ама и самото дете ќе си покаже спремност , и мн важно да не се форсира . Пример јас на пола сат , сат а прашував ти се мочка ли , два три пати ќе а прашам и толку мењам тема. Ако не сака не а седнувам на нокшир , сами да се опуштат .. Чат пат и награда ќе си добиеше , па ќе плускам , па браво па играме