Јас само памперс имам земано. Во споредба со пелена се поплитки. И страниците се поплитки. Таму има ластици.
Јас како од шала земав едни Еви бејби од кит го гледав по фб многу ги фалат. Добри се за таа цена . Не пропуштаат нема иритација. Додуша до сега ниедни не ни пропуштиле ниту имал иритација. А јас како да си ја барам бељата само експериментирам
Мајкички би сакала мала помош и консултација, бебе од почеток има иритација само на левата страна почнав со Памперс, па Виолета, па Фајперс и Бамбино од Стокомак, но постојано се појавува односно му се лупи кожичка и станува црвено околу местото. Од креми пробав веледа и разни други креми како и пудра бекутан, но нема подобрување кога користам бетаметазон кжи антифунгинал кои ми ги препиша песијатар е океј, но штом престанам повторно се појавува.
Штом помага антифунгол има габична инфекција најверојатно. Оставај го без пелена бебенцето почесто и почесто менување пелена да е сува кожата зошто на влажно се размножува повеќе.
Дали треба за бебе што е без малку 4кг да се почне со 2ка пелени? Денес цел ден му пропуштаат, користиме Памперс Премиум 1, од 2 до 5 кг, ама имам чувство дека му се мали и дека поради тоа се прави лом. Пробав и со хипп 1 денес, исто од 2 до 5кг, истото се случи. Или ако не е тоа, до што може да е? Убаво ги затвараме пелените, од почеток ги користиме истите, досега не пуштаа и сега наеднаш денес 3-4 пати се случи тоа.
По споделено искуство од Оли, почнав да се ориентирам по долната граница. Така, моево кога стигна до 4 кг почнав со 3ка. Не е конкретно за памперс ова ама ми има смисла за сите брендови.
А со памперс активе 3 кога почнувате? Кога ќе направи 6кг? Ние пред една недела имавме 4.500кг, користиме број 2, и кај бутките и останува линија. Пробав и помалку да ги стегам исто е. Не верувам дека е за поголем број. А дека си има и бутчиња си има.
Јас за бебе мое обично ги менував бројките како ќе ми пропуштеше едно бројче, или ако се појавуваа линиите во бутчињата. Никогаш не сум идела по кг што пишува на пелените споредбено со нејзините кг. Ако чуствувате дека е време за ново бројче, следете го инстиктот и земете ново бројче, најлесно така.
Зимај 3ка , јас пред 6кг земав некаде на 5.5кг напред назад , и он си има бутки , 3ка супер му одг ..
Земи си 3ка, кој ке ти забрани. Поента е бебето да е лабаво, кај мора да носи памперс па и да го стега греота е.
Да, јас за ноќе користев поголема, а денски што ми останале од помалата бројка трошев. Потоа се префрлам на поголема.
Пробај со судокрем , ние имавме инфекција, 7 дена со канестен бевме и после со судокрем , се се среди . Прбо користевме бетаметазон ама таман ке поминеше малку, ке престаневме пак се појавуваше, додека не се среди со канестен па сега се мачкаме со судокрем
Фала ти многу, по препорака на фармацевт земав судокрем и ги избацив влажните, сега бришам со вода и после тапкам со памукче да биде суво и мачкам судокрем, па ќе видам дали ќе има подобрување за некој ден.