Иста е 6ка зимам јас добри му се. Го спремам за откажување а со пелени неможеме да се навасаме. Со градинката 1 пакет неделно ни оди. Може ги јадат таму
ставај помалку за градинка. Јас колку ќе ставев, толку трошеа. многу е тоа за една недела. Бебево толку не троши
Исто. И 5 и 3 да ставам, пак ги нема. Затоа престанав со Памперс. Како пари во ветер фрлени беа. Наводно им ги чуват во плакарче. А пак секој ден ни ги земаат.
Бебе родено 2 520гр. имам Памперс премиум 1 но многу му се големи. Не протекуваат но многу се големи. Има ли некоја фирма помалечки бројчиња?
Девојќи да споделам искуство со пелени. Правев тестирање на бејбилав од дм, памперс актив бејби и молфикс во однос на упивањето. Сите пелени упиваат, меѓутоа на бејбилав најбрзо се исуши од сите за една минута, па следува памперс и на крај молфикс. Во однос на слоевите, бејби лав има еден памучен слој, па уште еден потенок памучен слој и на крај се топчињата кристали. Памперсот има еден слој памучен како влошка, па уште еден слој, еден слој за да ги држи кристалите односно гелот и самиот гел, односно кристалите на крај. За жал молфиксот има само еден слој и одма се кристалите што значи кожата на бебчињата директива е изложена нив. Најдобри испаднаа бејби лав според мене, па сакав да споделам со вас.
Користаме памперс актив бејби 3ка,сакав да пробам некои нови,виолета,слипи....ама сопругот без да се консултира со мене денес купил пак на памперс ама премиум два пакета 2х60 броја некоја акција 1200денари.Прашањето ми е дали се добри,како сте задоволни ,подобри ли се од актив или?
Подобри се од актив. Јас не знам кои пелени да му земам за преку ноќ. Премиум протекуваат од страни, бејби лов на грб. 6ка бејби лов, не знам дали да земам 7ца и да пробам. Не пие многу вода навечер, цица ама до сега ваков проблем немав.
Мене неколку пати ми се случи на актив бејби на грб каката да иде.. а долу кај газето чисто...како нагоре да какало хехе
А моево кога ќе му протече само нагоре е мокар,горе накај папоче или слабина протекува. Добар дел од ноќта спие на стомак и ако има пиено повеќе течности знае да пропушти пелената од што ја притиска. За протекување тестирани ми се Пуфис,Памперс актив , Виолета , Бејби лав, и од внуката позајмив една Бекутан. Преполна беше Бекутанот и не пропушти, а јас не ги сакам зошто се многу шушкави,некако не пријатен материјал. Сите други ми се ок. Едно време активот пропуштаа ,ама мислам дека му беше мало бројчето. Така да или смени бројче или повнимателно мести ги, приметувам кога мрда и лепам набрзина, ноќта е мокар. Инаку кај има попуст на пелени?
Јас лепам највнимателно што можам. Маж го занимава а јас лепам. Толку внимателно. А проблем е што памперсот не е полн, се изместува и пушта. Ама кога го вадам не е изместен очигледно, мистерија е. Нагоре накај стомак протекува и од страни кај слабините. Бејби лов на грб. Поголеми само бејби лов има и ке купам, мора да најдам решение. Премиум 6ка се најголеми. Виолета 6ка му се мали, актив исто мали. А не е дебел, висок е ама мајки со повисоки деца не се жалеле вака да им пушта. Ако добро паметам, премиум немаат пропуштено на грб воопшто.