Дали да експериментирам да сменам пелени на бебе 4 м е веќе? Досега имаме користено само Памперс Премиум к. , но од мало место сме, тешко се наоѓаат, треба специјално да палам кола или да попешачам за да ги купам, ги нема во блиските маркети и аптеки. А и сакам да ги сменам и поради цената. Се мислам за Виолета, дали се добри?
Јас сум задоволна од Виолета. Пробај ,ако не прават иритации(што не било случај кај нас) користи си ги. Најефтино ти е во Зегин големо ххл пакување.
Не се шарени ама се многу меки. Јас искористив едно вакво паковање за навечер, ниеднаш не пропушти, за разлика од обичните памперс. За премиум немам забелешка.
Ги има ли сите големини во економично пакување? Нас би ни требало моментално 3ка. Искено од овие Памперс премиум кеар, ми скисна што едно ги нема во големо економично пакување, друго со цената ми доаѓат скапи, и си велам да нагласам пелени што ќе и одговараат а ги има во големи пакување
4,5 и 6 имало само екомомично пакување. Но Виолета често се на акција па маркети и аптеки. Во моментов со 3 купени пакувања во Зегин или Еурофарм даваат лебед гума-дубак за бебе.
Тогаш изгледа само што се имаше измочкано јас сум го начекала за да го сменам, имаше и како капки на кожата Ќе се потрошат кога веќе се купени, нема да ги фрлам @MilaSs12
Мене 2-3 пати ми пропуштија Виолета во рок од една недела. И тие лепенките тешко се одлепуваат. Јас 1 зедов 44 внатре 390 ден. На акција немам ич начекано Памперс премиум, само тие по 52 парчиња што се 550 сум ги земала досега од Зегин. Во Еурофарм колку се 1ца знае некоја?
@Lili4e @sunmoonstars од 3ка нагоре се на акција..ако користите веќе 3ка ако нема еурофарм, барајте зегин
Дали се ок Кан бебе или Бејби лов? За преку ден? Навечер користам Памперс Пентс, ама преку ден со други е.
Подобро бејби лов. Јас навечер користам виолета преку ден што најдам на акција тоа сите му се добри до сега.
Мајки користам памперс актив од почеток до сега беа добри ама сега како да ми се нафрла незнам дали од топлото или иритација од памперсот на грбчето.. еднаш пробав виолета се нафрла исто.. Кои да ги земам дајперс дали се добри или дајте ми препорака за некои?
Имав погоре пишано и моето се фрлаше од сите што ги пробав. Моето на стомакот и на газето со црвени точки беше. Земав бејби лов и крема за осип од истите, па се среди. Нареден ден немаше ништо. И од памперс премиум немаше реакција, ама бејби лов понежни ми се.