Не, не ми оставаат незнам. Мислам 3ката ти е голема за 4кг ама сепак ти си знаеш. Јас мислам само што направи 5кг веќе почнаа да ја стегаат и преминав на 3ка. Од зегин досега ги земам, ама за 3кава незнам цена оти на двапати мм купи и не го прашав за цената
Какви користиш не сум зела досега? Јас користам Молфикс ама почна да се нафрла и не знам какви да му земам.
За ова што си ме цитирала зборевме за гаќички во вода. А инаку му ставам на Памперс 72 гаќички во пакување околу 900-1000ден се зависи зашто многу често се на попусти или акции. И Бејбилав имаат гаќички ама не ја знам цената.
Земав денес канбебе првпат купувам мада сега кога му ставив пелена од тие некако тенки се не се како дајперс и памперс. Може згрешив ај баш ќе видам како ќе минеме ноќва
Off topic: Тие во Зегин ок, поевтини се со многу работи, ама бидејќи работам во амбуланта гледам дека многу пати прават замени. Тебе наместо пелени ти дале гаќички, ама се случува да им дадат на луѓе лек со слично име а поинаков состав, или пак ист состав ама послаб по јачина. Лани купувам антибиотик, не прашува дали сакам пробиотик и од кој туку само колку сакам. Сега пред некое време барам магнезиум, таа три пати упорно ми нуди друг од друга фирма иако и нагласив од која сакам уште ко побарав. Значи поевтини се Зегин за доста работи и купувам многу работи оттаму ама мислам е малку некоректно кога прават вакви работи.
Каде купувате Молфикс пелени во Скопје, во Рамстор и Тинекс не најдов, исто немаше и во Зегин? Сакам да ги пробаме ама не можам да најдам.
Порачав од еко пелените. Гледам интересни принтови и поекономични(искрено мене лично не ми менува цената и вака и така парите се трошат ама па за што да фрлам пари за памперс кога може да ги пренамениме во нешто друго). Некој да има искуство со нив ? Порачав 20, на почеток даваш повеќе пари ама потоа не ....