Аман, кажувајте тие како гаќички дали ги има по аптеките, на која фирма се и дали има од двојче. Не можам со обичните памперси, секое пресоблачање е како со мечки да се бориме, мрда, целиот се изместува, едвај ги закопчам и очигледно не се добро наместени па пропуштаат. Нерви снемав.
Памперс гаќички од 3ка почнуваат. Пуфис се помал модел, може од тие да пробаш. Не се породи то сега скоро? За пропуштање може веќе е мала 1цата. Премиум ретко ми пропуштаат. И бејби лов се супер.
Како што пишале погоре гаќите почнуваат од 3ка. Мало е уште за да имаш проблем со изместување толку. Пробај со нешто да се занимава дури го пресоблекуваш. Јас имав една музичка играчка над креветче, ја пуштав, во неа гледаше и така го пресоблекував. Ако пропуштаат пробај со поголем број на памперс.
Немам јас користено, ама во темава имаа пишувано дека се кинеле од страна, па се отвара како обичен памперс.
Си пробала ли да ги смениш пелените. Јас користев памперс премиум на почеток, кога се истрошија маж ми купил некој други на бевола демек поефтини и тие пропуштаа, па се вративме на памперс премиум.
Уба работа се гаќичкиве, ние ги пробавме и стварно се слатки, не пропуштаат, лесно се кинат од страните
Ништо живо не го интересира кога станува збор за пресоблачање. Ни боди не можам да му сменам без да се дере како да го кољам. Се врти на сите страни, се собира, како змиулче е, малку фали на меше да ми се преврти. @MilaSs12 Скоро се породив, пред две недели. Не е до памперсите, откако почнавме со 2ка сме на canbebe, немаше ваков проблем до денес, ама сепак ќе сменам утре ќе ми донесат некои австриски па ќе видиме. Бејбилав дефинитивно се предобри ама за жал нема дм тука.
Мојата исто мноооогу мрда дур ја пресоблекувам, купив гаќички ама мноооогу полошо и потешко за облакање од пелена обична. И плус ми пропуштаа на моменти. Мислам дека никогаш веќе нема гаќички да купам
Ете во нешто различни нашите Гаќички немам пробано, ама стои за пелена. Премирен е. Јас пеам, тој слуша, не мрда
Еееее ете. Мојата мрда цело време со нозете. Кај и да е шо и да праи нозете играат https://images.app.goo.gl/FiRYM1Xrb4whVqAn9 Ваква е