Мајки, за тие што имате пробано памперси на повеќе фирми, дали сте забележале на некоја фирма да им се помали/поголеми од на другите? Сакам да сменам, од кан бебе веќе одамна му се мали 2ка, а денес пробавме 3ка, големи му се.
Да има разлика. Пуфис се доста мали. Памперс обични се средна големина. Бејби лов и памперс премиум големи.
Да, скоро сите беа различни. Добро е што биле поголеми, ќе ги користите. Мали да се нема како да го смениш, веќе отворени.
Да, пуфис се мали. 2ката пишува од 4-8 кг а нема везе, мојата на 5600 и се мали. 3ката пишува 6-10 и и се таман. Памперс премиум 3ка се малце поголеми од пуфис 3ка.
Не најдов пуфис во маркет, памперс актив многу скапички ми се видеа, па земав бекутан за проба. Колку што забележав никој нема искоментирано ништо за нив. Ќе видеме денес и утре како ќе се покажат, па ќе пишам.
Јас ги искористив тие од Чаир што ни ги дадоа при испис-катастрофа,некако крути,лошо мириисаат,мене ми пропуштаа,не бев задоволна од бекутан.
Некои вечат тврди биле и шушкале ама ги немам земено тие. Памперс не ги најде на акција? Побарај обавезно се некаде на попуст.
Од колку килограми преминавте на 5ка? Ќерче има 9 кг, 4ката како тесни и се, и памперс премиум и бејби лове 4+
Ги земав за проба денес , 235ден -24 пеленки , на акција се. Не се лоши , идат малку подебели од памперс актив , ама ништо претерано. А и го имаат фамозниот индикатор
Оние белите ли натурал и тие како беа. Да , имав земено мало пакетче од тие на почеток првите недели и утнато бројче , хаос ми беа јас 2ка имав земено а требало 3ка , мал модел. А не приметив нешто претеран мирис да имаа , ако се сеќавам добропамтам дека и тие си беа тенки и меки удобни. Е сеа овие ќе видиме , само 2 му ставив денеска , ок ми беа. Сеа за спање памперс си стаив не ми се ризикува да видам утре др ден како ќе се покажат дeтално прво само од нив ќе ставам преку ден.
Да натурал се другите. Јас земав и точно и поголемо бројче ама скоро сите пропуштија. Мирисаа неубаво од помочано. За каки да не зборувам, се надвор. Исто од мочки како подуена стоеше. А нежно се и меки на допир. Пробај ги овие неколку дена и пиши искуство. Ако е добро, ќе пробаме и ние хаха...
Ќе видиме со овие баш , јас првиот месец експериментирав и со пуфис. и пуфис по ми пропуштаа за разлика од натурал што беа помали . Не приметив денес дека го оцртуват овие слипи , а и тоа ми е важно комотна да му е , оти со бутки е сет , a приметувам 4ка на памперс го оцртува на бутки а не му се мали вака нешто мн , а мож и му се
Аман бе. Ме чудиш за пуфисов. Ја заљубена сум во нив, а доста имам пробано. Најубави ми се после премиум. Никогаш ми немаат пропуштено а и ги остсвам ноќе по 10-12 саати .