Individualno e,vidi pogore imame pisuvano. Jas koristam 3ka za bebe od okolu 8kg i 70 i neso cm. Druga clenka veke mislam deka 5ka za istata kilaza otprilika ama okolu 60cm bebe
Моево е околу 7, ама висина не знам не сме биле еден месец, треба да е накај 70 и нешто. Ќе си земам 4че за проба, ако не ќе се најдат за понатака
Од 3ка ако не грешам. 3, 4 и 5ка имаат. 4ката знам дека се 100 и нешто ситно пелени, 5ката се 94 пелени. Само гратис влажни нема во големите пакувања, ама секако поисплатливи се одколку помалите пакувања. И само во Зегин ги има
Земај 4ка. Нема врска толку килажата колку што зависи детенцето колку е широко кај колкчињата, мешето. Син ми е 2 ипол годишен со 16 кг носи 5ка, на братучетка ми 7 месечно со 8 кг и тоа носи 5ка. Ама мојот е долг и слабичок, а тоа е буце во бутчињата
Моето 8 ипол кг има, 4 месеци и носи Виолета 5ка. Ниско е а дебело и одма се црвенее на бутките ако му се мали памперсите.
Женски дај кажете од кои пелени со пристапна цена сте задоволни за бебе 4.5кг. Јас земав да ги пробам Слипи 2ка, цела кака во грб и оди, врска немаат, се утепав од перење бодиња.
Јас почнав со памперс премиум, ...сега сум со виолета...задоволна и со пристапна цена во споредба со памперс премиум. Околу 5кг сме, и веќе 2ката и се кнап. Еднаш земав и слипи ама некако многу ми мирисаа.
Луѓе не знам што е работата со памперс премиум страшно сум разочарана. Веќе некое време навечер не знам какод а кажам не дека се прави утоп стално ама најчесто кога ќе го фатам на облеката врз пелената ми стои влажна. Со други пелени не ми ссе случува. Пробав слипи био гакички дајперс пуфис ништо сув чист
Истото ни се случува. Од нив дури и се исфрли, и тоа не само на газето, туку целата пеленска регија, ми се вжари цело дете...
А 4ка на која килажа ја почнавте? Те прашувам само тебе бидејќи и моето е буце, на месец и пол сега веројатно има 6кг.
И мојот е исто и баш го приметив кај бутките го стега малце, на 3ка сме ама да дотрошиме залиха и го префрлам на 4ка.
Мојата е 3 + . До скоро користевме 2ка и ептен ја оцртуваа. Земавме 3ка....има околу 5 кг. ама па и 3-ката ја оцртуваат ама не толку, се познава ластичето. А инаку 3-ката и е длабока, да не речам како врекичка и стои. Си викам да не ја престегнувам многу со лепенките.ама па ако не ја залепам убаво лабава и е.