Памерд гаќи 7ца. Пробај премиум 6ка, поголеми се од актив бејби. Бејби лов имаш 6, 6+, 7, зависи и колку е високо детето. Овие бројки ретко се наоѓаат јас затоа не ги земав. А со цена исто како премиум се или малку поскапи.
Па може да се каже дека пие. Пред спиење 250мл млеко, а пред тоа водичка си пие по желба, но не повеќе од 150мл но не наеднаш, туку разредено во период од 2-3 часа. Но идејата да му менувам пелена во текот на ноќта не ми се допаѓа. Едно што тој ќе плаче (дури може и да бара пак млеко за да заспие повторно), друго што и јас не сакам да си го прекинувам мојот ноќен одмор. Купив сега Pampers гаќички број 5 (според килажа тие одговараа), па ќе видиме, ќе пробаме.
Пробај и со поголем број на пелени. Знам дека ноќното менување е нешто најлошо и имаш право пробај се друго пред тоа. И ако можеш да намалиш течности ноќеска би требало да биде подобро.
Zdravo. Od kade kupuvate Violeta peleni br. 2? Gledam na forumov deka nekoi majki koristele za novorodence, no gi nema po marketi i vo Zegin.
Пробај Еурофарм, јас бр.1 пелени купив пред некој ден ама таа аптекарката рече сите ги имале, во Веро тафталиџе
Морам да ги пофалам новите Sleepy extra пелени, многу помеки од другиве не мирисаат на мочки. И што е најважно еконимични јас земам 5 има 80 парчиња и се 650 ден.
Јас земав гаќички пелени од Слипи, и се препородив од малтретирањето и тегнењето по кревет за да се облечеме. Спас
гаќичките како им ги соблекувате? им ги тегнете надолу како гаки или им ги кинете од страна јас имам користено од памперс и навистина незнам како поинаку да ги соблечам пример ако е какано детето многу непрактично ми е некако
Користиме Памперс Премиум и ако не му сменам на бебе преку ноќ, сабајлето обавезно, без исклучок е помочан. А не поминуваат ни 12 саати. Или детево многу моча или треба поголеми за преку ноќ или не ги бива ја стварно не знам.
Земи мало пакетче бејби лов и пробај ги. Кај нас до пред скоро не пропуштиле ниеднаш 12ч+. Во последно време знае да е помочан сабајле, дали многу мочка навечер, дали му се мали (не верувам оти од 9кг се, а тој е 9кг) поим немам. Скрос на почеток памперс премиум користев, никогаш не пропуштаа, макар што тогаш на 3ч го преслекував. А памперс актив сите до една ми пропуштаа.
Ги користиме ние јас сум презадоволна ниту еднаш не пропуштиле. Насабајле е преполн памперсот . По мое за поголемо бројче е
Виолета, пробај. Никогаш не пропуштиле, а си мочка мочла е голема, тешка пелена се чудам колку не пропуштаат. Презадоволна сум.
На почеток и премиум и канбебе пробав...еднаш ми пропуштија. Сега сум на виолета, не ми пропуштиле, ептен задоволна. Успат да прашам...имавме осип, се живо пробавме и на крај ни помогна маста за потпарено, овде ја научив. Аптекарката ми вика може е од пелени. Кога ми се јави осипот тогаш почнав со виолета од пред 2 недели. И осипот беше како точки само на дунде напред. Сега си продолжив со обична павловичева. Дали ако е од пелени се јавува осипот веднаш при нови пелени или може и подоцна како кај нас? Дали маста за потпарено може да си ја користам постојано или само кога има осип,,,,аптекарката рече дека е на база на павловичева?
Ѝ се појави и на ќерка ми, не судокрем не павловичева, јекодерм ништо не помогна. Во Марија галенска аптека изработуваат магистрални лекови. Ни спремија крема, по два дена иритацијата се изгуби. Чини околу 300 ден ми се чини.
Нас не спаси маста за потпарено, прилепска. Само сега не знам дали пелени да мењам. А каде е оваа аптека?
На Партизанска кај Броз кафичот, Скопје. Инаку не е до пелените, според мене.. Ако има честа столица, мојата има, колку и да внимавам пак ѝ се јавува иритација. Исто презадоволна сум од кремата за пеленска регија на Uriage
И на мојата и протекуваа, па земав поголем бр и добри се. Од 7200г и ставив 4ка, а од 9кг нагоре пишува.