Кај мене е иста ситуација. Затоа сменив ист број др фирма и нема проблеми. Можеш да пробаш и со поголем број ама како да расипаа квалитет.
И моето од Виолетата се исфрли во целиот предел што го зафаќа пелената, и од страната, и над курето и на газе, баш секаде... Памперс премиум му пропуштаа, не беше бебето мокро, туку преку самата пелена пропушташе мочка после неколку саати. Уште дајперс останаа да ги пробаме.
Јас имам одлично искуство, не пропуштаат суво газе и цела ноќ да стојат. Уште па на некоја акција ако се фатат супер економични.
И ние истиот проблем го имавме па навечер поголем број од памперсот му ставав и ок беше не му протекуваше. Сега сме префрлени на Виолета и ниту еднаш не му има протечено, цела ноќ си тераме со истата пелена
Да да Се што ставав од креми ми е препорака од педијатар. Педијатарот вика не е од пелените а аптекарката вика од пелените . Битно сега е чиста.
Поголем број редам, бевме на Бејби лав па сменав Памперс премиум па сега Виолета и пак иста приказна…сношти во 9 легна сабајле во 3 беше цел помочан…стварно незнам кој е проблемот, 9 месеци има детево вероватно знам правилно да редам пелена или до мене е проблемот
Бројките како им се движат? Во големина поголем или помал калап се споредено со други? Моментално сме на Виолета 4ка, сакам да ги сменам, само не знам дали и од овие да земам 4.
Јас користам и дајперс и канбебе и памперс премиум и пуфис 5ки од сите овие можеби само канбебе се малку покуски од другите, другите ми се слична големина да не оретерам да речам иста. Земи 4ка ако сакаш мал пакет за проба ама би требло да се точни. И широки се и долги.
Те читав за маста за потпарено. И на мојата и се појави малце црвено и од таа и помина. Предобра е. Од судокрема уште повеќе и се вцрви и тоа од едно мачкање. Јас сега од таа мачкам за ноќе дека секак скоро 12 саати со иста пелена, и по потреба и преку ден. Иначе павловичева.
Девојки, за два дена бебуш прави месец. Користам памперс премиум care , прво кец па од четвртокот сменивме на 2ка а во килажа бевме истиот ден на педијатар 3200гр. На 2ката пишува од 4 до 8кг . Можно ли е за толкав мал период на малиов да му се тесни памперс 2ка? Ваљда не сум толку смотана у ставање пелена..
Не гледај тоа килажата на пелените. Ако го стегаат на бутчињата и ако ти се гледаат мали иди бројче нагоре. Мојата на 5 месеци околу 6500г носи 4ка. А као би требало 3ка.
Со гаќички имам пробано тие па ми се чини помалку собираат и уште повеќе му пропуштаа...имам сега цело паковање Памперс премиум и Виолета морам да ги дотрошам ама еве ќе земам Дајперс да пробам за на вечер...а од Кан бебе имавме реакција како новороденче и ми е страв да купам пак
Може не е со ова ама пак да ти спомнам да му го местиш ку*ето нагоре кога му ставаш пелена, јас незнаев за ова па ми мочаше од страните
Заборавам мами да знаеш како мрда кога го преслекувам, и да го кренам дури ја залепам пелената ќе му падне
На двапати видов црвена линија, затоа и прашувам.. се мислам да земам 3ка памперс премиум care ваљда ќе му бидат покомотни.
Памперс премиум мене ми делуваат како да се поголеми во споредба со бејби лав, мислам дека двојка ќе му одговараат од тие.