Не се совпаѓаат за секое бебе кг што се на паковањето. Штом пропушта и има црвени линии на ноџињата, јас одма сменувам број. Ние многу брзо сменувавме големина на почеток.
2ка користиме на бутчињата има црвена линија го стегаат а и кај стомачето гледам. Имам уште 2 3 за користење;, ама си земав 3ка од зегин. Во еурофарм ми нудеа едно плус едно за 1450денари од 3ка, ама тоа ми се многу пелени во случај да смени пак за недела дена..
Да, не се трупај многу со залихи. Јас така згрешив, имав еден куп залихи од 3ка, а за мн краток период моравмеда поминеме на 4, па нешто искористив за денски, нешто фрлив... Не ги гледај многу табелите со бројки, не се соодветни за секое дете, некои едноставно си имаат исполнето ноже и бутче, па порано треба да се иде бројче нагоре. Ние сме на 4ка сега, таму пишува од 7кг+, а откако направи 6кг ги користиме. П.С. извини, грешка сум те прочитала на погорниот пост за кои пелени ги користите.
Ќе видиме во вторник сме на контрола баш и колку тежиме. Иначе жал ми беше да се стега во 2ката, а само една недела ги користиме.. На 28ми бевме 3200, се надеваме на повеќе сега. П.с нема проблем се дешава погрешно да се прочита. Бацки❤
Моментално котистам виолета 3ка. Околу 5 и пол кила сме. Кога би биле за 4ка? Да знам какви залихи да правам од грепките
Дали по намалемата цена ќе важи акцијата за купени две пелени или по редовната цена и какви се играчките?
Поголемиот дел од првиот месец користев pampers premium care 1, па преминав на Sleepy 2, ми се допаднаа, мекички се, имаат и индикатор, искористив 2 пакувања. Па искористив пакетче Бекутан 2, катастрофа беа, не само што обавезно пропуштаа какушки, скоро секое утро се будеше бебе помочано сосе чаршав. Башка што се погруби на допир. После нив преминав на diapers sensitive 3 и топ ми се. Ги има во Рамстор со попуст моментално: Убави се, не пропуштиле до сега ниту еднаш. Меки се. Ќе терам со нив некое време. За среќа, до сега ниту едни пелени не и' направиле црвенило.
Ние почнавме со 4ка од кај 6 кила и нешто. Мојава има бутови нааа и ја стегаа ластичињата од 3ка. Ако правиш залиха купувај поголеми броеви.
@monik55 а за 9 и пол кила? 4ка или 4+? Сакам да земам за проба. @Oneo те означувам оти и ти користиш Виолета, шо бројче му ставаш на Мартин? М Извини, можи имам прашано, оти 100 пати се премислувам. Бај д веј 5ка бејби лов со совршена шара.
Мами јас зедов 4+ Виолета и замисли ок и се. А имав и 3ка и баш ги мерев и нема некоја голема разлика. Земи си 4+ боље.
Ние од кај 6инешто кг почнавме со 4рка, имаше доста големки бутчиња и мислев ќе дојдеме и до 5ка. Ама дали околу година или после нагло се извиши и бутчињата и се послабички, и еве уште тераме со 4рка а 16ипол месеци сме, 9ипол кг. Така да и да правиш залихи со 4рка мислам дека ќе ги искористиш, долг период се носи бројчето..
5ка земи си подобро за таа килажа. 4 и 4+ нема некоа разлика и плитки ми беа мене 4+ . Земав и јас 2 пакувања ме разочараа дебели ми се некако и кога е какан е потоп , не си играм повеќе со пелени , си останувам на памперс убедливо најдобри и без пропуштање. Еве ти за споредба 4+ и 5ка
Ако има бутки можеш да се префрлиш на 4ка. Моето е 6 500, веќе две паковки 4ка потрошивме, ниедна пелена ни нема пропуштено. Дури се мислам веќе 5ка да земам, и овие го стегаат на бутчињата...
Јас и Виолета и Бејби лав имам моментално, што ми се фати тоа ставам Виолета 5ка користиме, кнап му се скроз. Ни една не пропушти. Бејби лав само по шарите се разликуваат боите? Имам лилаво паковање сега со мајмуни се
Здраво сте виделе ли некаде молфикс 2ка од овој модел 1+1? Гледам дека има и обични и некои како сензитив.