Сакам да сменам пелени. Виолета обични или премиум? И бројче во споредба со памперс премиум , дали се исти по големина . Користиме памперс 3ка од 6 до 10кг, а Виолета премиум 3ката гледам е од 4 до 9. Може треба 4ка?
Мамички, имам две паковања Виолета пелени. Едни 4 едни 4+. Од 4ката искористени 10тина пелени од 4+ 3-4. Малата ми се вцрве од нив, не и одговараат ич. Не сакам да ги фрлам. Некој заинтересиран да праиме трампа или нешто такво?
А да се надоврзам на Ивана, сакав да пробам памперс гаќички, ама немаше мало пакување и земав бејбилов мало од 22 парчиња број 4. Знам дека е смешно да нудам 11 што ми се останати, ама стварно не би ги употребила, не му одговараат, ако некоја мама си ги користи редовно со душа би ги дала да не ми стојат така дома
Предходно памперс актив. Проверено сигурно е од пелените. Ги почнав виолетата се вцрве, се лечевме се опорави и пак ставив виолета да се осигурам дека е од нив и еве ја пак се вцрве. Дефинитивно не и одговараат. А ги купував за играчките .
Фала ама не ми требаат. Некако груби се и ја немаат линијата, па ако се само моите такви за да земам друго пакување.
Какви се гаќичките во споредба со пелените? Исто тенки и долги или пошироки се? Убави шари имаат? И јас зедов Виолета 4+ за проба. Добри се ама за преку ден, навечер му пуштаат. Додуша кнап е бројчето, трпи 5ка, ама дефинитивно бејби лав ми се поубави.
Убави се и гаќичките. Да, тенки и долги се и ластикот е ок. Не сум користела други гаќички за да направам споредба. Јас во ДМ кај што бев имаше само едно пакување 4ка, а не знам дали има други шарички. 5ката беа во некое плаво пакување, ама не беше нешто со цртани.
Овие некои нови шари се на гаќички Јас тие што ги земав се со иста шара како и пелените. Морам да купам и овакви
Тие со Вини Пу им се од скоро лимитирана количина и се само за единечните пакувања, џамбото се со стариот дезен. И јас специјално поради шарите и купив вакви инаку џамбо купувам (ова за пелените, за гaќичките не знам)
Kazete dali so gakicki ide polesno nego so klasik pelena? Bebevo se vrti u sekunda ne stigam ni dupe da i namackam ni pelena da zalepam ko sto trebA
Затоа и земав од овие мало пакување за да пробам. Памперс барав, немаа мали. Не знам другите какви модели се, овие бејбилов малку и чудно му стоеа, може до моево дете е. Ако е попуничко твоето сигурно ќе му се отцртува ластикот на стомак. Инаку бесно дете е бесно, акробации прави, џабе гаќи, пелени, други броеви и се да пробуваш Јас тоа дојдов до заклучок... Почнав за менување косата да ја врзувам во високо репче и надоле го пуштам (ама не му дозволувам да фати) и си игра, се тегне, се смее. Само така ми успева некогаш.
Мене полесно ми е со гаќичките. Бришам,Ставам павловичева и и го облекувам памперсот, ова се во трчање. Се бркаме.. Многу ретко легната да и сменам памперс. Освен кога е какана.. Користам памперс пантс ама сега да ги потрошам, планирам бејби лав пантс да и купам.