Некоја мајка што користела гаќички на памперс и бејби лав да сподели искуство од кои е позадоволна. Сакам да пробам гаќички со крокодилчево мое. Пробав Виолета пелени, ама ич не сум задоволна, многу му пропуштаат, навечер секоја пелена има пуштено. Инаку се убави, тенки, меки.
Ние се префрливме на гаќички, ама маж по грешка купил Pampers Baby Dry, наместо Premium и не сум задоволна, навечер пуштаат, преку ден - два е мокар. Сега нарачав Premium, треба утре да стигнат, па да видам со нив како ќе биде. Baby Love немам пробано.
Имаат нови? Немам видено, порано еднаш зедов едно паковање и убаво се покажаа. Јас од Памперс најзадоволна сум, бејби лов никако да пробам, секогаш викам нареден пат ќе земам, ама ништо. Сега 5ка почнавме, многу брзо некако со бројкава, а бебе 5 мес
100 пати полесно. Ние обична пелена 3ца не можеме да му ставиме Само не можам од гаќички некое џамбо пакување да најдам.
Шо не кажувате дека Слипи се толку мали? Земав џамбо пакет, оти почна да се исфрла, па да смениме... оно слипи 5 помали од Виолета 4+... Шо ќе им праам на 70 парчиња...
Немаш прашано Секогаш имај на ум ако пробуваш нови пелени обавезно мало пакување. И за големината ама и за да видиш како ќе реагира бебето. Сега барај продади ги на некој што користи 5ка.
Е ќе го нацртам. Ич не ми текна, не ни знаев дека е толкаво огромно пакувањето. Ќе мењаме на секој саат и ќе се потрошат за брзо.
Како се Виолета со големините, помали или поголеми од Бејби Лав? Сакам да ги сменам Бејби Лав, мака ми е само за нив во ДМ да влагам. Од нив сега на 3ка се префрливме.
Тука некаде се со бројките. Ние бејби лав користевме 4+/5, зедов Виолета 4+ и кнап му беа, повеќе 5ка ќе одговараше. Ама јас не сум задоволна или имав големи очекувања. Навечер сите пелени до една пропуштени, денски ако кака со напон исто. Се враќам на бејби лав, денес гаќички зедов да пробам со нив.
Знам, и ти и уште неколку мајки на форумов ги пофалија, затоа и се решив да земам. Ама ете нас не ни се погодија. Гратис црвено газе на почетокот дур се адаптираше валда.
Леле баш се чудам, има многу задоволни од Виолета меѓу кои и јас. Земам и бејби лав ама и Виолета се супер. Бејби лав се понежни ама од никој немаше реакција.
На нас бејби лав пантс ни пропуштаат. Катастрофа Повеќе од 3 саати памперсот не издржува. Малата има 9кг и зедов 4ка. Не знам што да правам, а баш ми се свиѓаа овие немаат никаков мирис. Памперс пантс претходно ги користевме ама почна да се исфрла од нив и парфемизирани се. А не сакам такви. Да ми препорачате добар памперс без парфем и да не пропушта, не е проблем цената.. Или да земам бејби лав од тие со лепенки?
Мислам дека сте за 5ка. Јас со лепенки 4+ му земав на 8кг и кнап му беа. Сега на 9 ипол скоро кг. за 5ка е.
@Oneo @IRBBB А тие со лепенки не пропуштаат? Бар такви да и земам.. 5ка На гаќичките пишува од 8до 15кг мислам. Затоа зедов 4ка. Мојава има скоро 17 месеци и 9 кг е
Не, класичните пелени се поубави. И син ми е 9 и нешто кг, 4+/5 од обичните. Гаќичките бејби лав катастрофа, бетер од Виолета пелените, сабајлево жива вода стана. Памперс гаќички да барам, подобри се? Или да се вратам на класични пелени?
Памперс гаќичките ниту еднаш не ни пропуштиле, само кај нас мака беше што почна да се исфрлува од нив, ко парфимеризирани се. . Па си викам од тоа да не почна да се исфрлува, а од раѓање и користам памперс, презадоволна бев од нив.
Со атопичен дерматит е, ќе треба нешто друго да барам. А ептен ми се практични гаќичките за облекување. Имаш со некои други искуство? Anyone?