Не, што читав дајперс сензитив биле добри, сега не знам дали имаат тие парфем.. Еве јас утре треба да купам памперс, се убив од мислење од кој да купам..
Не се парфимирани, убави се…додуше ние само за спиење ги користиме и носиме еден број поголеми зошто досега сите можни пелени навечер ни пропуштаа…се пробав и случајно овие ги најдов на акција во зегин ај реков ќе ги земам ако не се убави ќе ги поклонам..,имаат досега 2-3 пати пропуштено ама сите други секоја вечер ни пропуштаа
Пелени или гаќички? Како одат бројките со големината? За 9 и пол кг бебе која бројка би ми одговорала?
Пелени, гакички не знам дали има од дајперс…иначе ние сме скоро 10 кила и зедов 6ка…ама повторувам ги користиме само за спиење затоа зедов поголем број..,и стварно му се поголеми…за денска употреба би купила 5ка
Puffies гаќичките ги користев летоска, добри му беа. За разлика од пуфис пелени (пропуштаа), гаќичките се супер. Мислам дека беа сензитив. На мојов од 10 кг негде почнав 5ки да му ставам. ____ Некој да каже дали во Зегин уште носат премиум на акција две пакетчиња? Барав 5ки во две аптеки, немаше
Да ги пријавам Памперс Премиум гаќичките дека исто пуштаат навечер. А купив макси пакување со 160 внатре, толку бев сигурна дека ќе бидат добри, ми иде да си ја шлапнам една. Ќе пробам да ги трошам преку ден. Се вративме на Премиум пелени за навечер, бројче поголеми и конечо неколку дена се буди сув. Така да, јас ти препорачувам навечер барем пелени. Инаку и моето е со атопичен дерматит, пелените и гаќичките до сега не предизвикале ништо дополнително.
Јас купив од Зегин на Димитар Влахов пред 1 месец баш 5ка имаше...имам едно паковање неотворено дома, ама последно кога му ставив Памперс ми се нафрла, дали од пелената или поради што какаше два пати по ред...ќе го отворам паковањето и ако му направат реакција ќе ти го поклонам
Кај ги има пуфис гаќичките? Во зегин може да ги најдам? Од гв сум јас, гледам на нет во тинекс ги имало, ама овде колку што знам нема тинекс.. 9кг има мојава. Значи ќе може 4ка да и земам?
Во Тинекс купував јас. Видов и во ДМ, не знам дали имате во ГВ. Па мислам дека можеш 4ка, не знам од други пелени кое бројче користите... Додуша сте негде меѓу 4 и 5 на 9 кг ако ме прашуваш мене. Гаќичките не треба да се поголеми, ќе пропуштат. Ориентирај се по бројчето што вообичаено си го користите. На мојот малку му се познаваа ластиците кога ќе го слечев, ама сепак не го стегаа.
@Kate Rina 93 во ДМ имаше пред една недела бев друго земав па ги загледав. Ооо сум имала другарка од Гв А за зегин ако сакаш можам да ти прашам и да ти кажам.
Фала ви женски, најдов во Дм. Зедов 4ка. И се оцртува малку латикот горе, ама и ги скинав малку од страна, сеа топ и се Пошто не сум сигурна дали ја стега, вака за секој случај Уште да видам вечер дали ќе и пропуштат. @tincemajmunce Лелее и ти си од Гв?
Чекам рецензија утре. Ние памперс актив зедовме вчера, пуштија и тие. И стварно не знам дали бебето толку многу мочка ноќе, дали не му ги местам убаво лепенките, ама ете и гаќичките пуштија, дали што е проблемот ама стварно ми е жал насабајле воден е, цела ноќ во мочки.
Не сум во тек што се имаш испробано, ама ко што гледам доста од пелениве имаш, си пробала со памперс премиум?
Ко се роди премиум користевме, се префрлив на бејби лав и останав до пред скоро. Почнаа навечер да му пуштаат тек тук, 4+ тесна, 5 широка и ајде по препорака пробав Виолета. Му пуштаат и преку ден, не само навечер. Зедов гаќички бејби лав. Жива вода стана од спиење, за преку ден супер се. Памперс актив зедовме и од нив жива вода сабајлево. Сите преку ден се океј (од виолетата некои пропуштија). Точни му се, не му се мали, не му се големи. Моментално дома имам уште неколку пелени Виолета, скоро цело пакување бејби лав гаќички и цело пакување памперс актив. Да ги истрошам дур не ги надраснал.
Троши се што имаш и мој совет земи си премиум. Од раѓање не сум му сменила, а и не планирам (чисто од радозналост имам ставено некоја пелена и гаќичка бејбилав). Пелената тежи мислам по кило сабајле, а некогаш плус и кака само што ќе стане пред да го пресоблечам и не се случило да ми пропушти никогаш. Лично сум презадоволна
Ќе пишам Нас памперс пантс ниту еднаш навечер не ни имаа пропуштено. А мојава пие навечер течности, сабајле тежи памперсот баеѓи. Да не си зела големи ,па затоа пропуштаат? Јас сменив само поради тоа што почна да се исфрлува ,инаку немаше да сменам
Натурализирана сум во Гв Од др град сум ама тука мажена.Ќе се дружиме значи Мило ми е што најде. @IRBBB да пробаш бројче поголемо? Ние преку ден користиме 3 а навечер му ставам 4.Виолета и Дајперс користам моментално,ама прочитав од виолета не си задоволна.Мн ретко ми се има случено да има пропуштено откако му ставам поголем памперс навечер.
Виолетата му се кнап точни, дури и цртки му се познаваат 4+. Бејби лав 4ка, памперс исто 4ка. 9 и пол кила е, мали ќе му се 3ка. Немам ум веќе. Бејби лав 5ка му беа поголемки, ама и тие пуштаа, затоа почнав да шарам со пелените. Треба да најдам некои шо му се идеални за навечер.