А па на сликата лево во ќошот и пишува 4 кај што стои бројчето на пелената Не знам, јас не сум сретнала до сега такви 4ка, а често и од Еурофарм зимам. Имам и од Зегин и од Веро земено сите биле како тие десно.
Види и на пакувањето дали се двете пакувања Made in Poland. Обично кај нас се полски пелениве, а имам прочитано баш на форумов дека имало и германски и биле со малку подобар квалитет, само јас до сега не сум начекала нигде, а имам низ сите поголеми маркети проверено.
E ne zaprimetiv....epa greska u fabrika,a inace i pogolemi izgledaat vaka treba da se 5ka ama se pomesale u polska nesto
До сега само памперс актив и премиум користев. Презадоволна. Реков да пробам со гаќички слипи, бидејќи не седи мирна да и ставам памперс. Прва ноќ супер, сабајлево дури и се искака пред да успеам да и сменам. Не пропуштија воопшто. Изненадена, очекував по лошо да поминеме. Ќе видам понатака како ќе се покажат. Само мана бројчињата се некако помали од памперс. 4 гаќи од слипи одговараат на 3 памперс актив. Следно поголем број би земала 5.
На двете пишува 4ка, со тоа што како малку поголемки да се овие со сино. Но сепак не се толку големи како за 5ка. Инаку во Полска вели биле произведени. Абе се некои сомнителни производи на нашиот пазар.
6 месеци ми е бебе досега само Виолета користам и бев презадоволна. НО, последниов месец ми пропуштија 3,4 пати... дали откако сменив на 4ка незнам. Сигурно нешто не им е ок. Сакам да ги сменам и се мислам помеѓу слипи и дајперс. Од кои сте позадоволни? Памперс само не иди во предвид, еднаш свекорми и купи сите 3 како и ги облеков дента и пропуштија..
Нате пробај Пуфис. Од раѓање сме на тие и одлични се. Ни оспи, ни црвенило ни пропуштање. Цела ноќ по 12 саати, сабајле кило тешка нема пропуштено ниедна.
Да ти кажам и друго, во Зегин големото паковање со 88 пелени е намалено на 689 денари https://zegin.com.mk/mk/pufies-sensitive-peleni-za-bebina-br-4-9-14-kg-88-peleni
Дали сте задоволни од памперсите слипи од зегин? Се спремам за второто дете незнам кој памперс да земам овој пат за првото бев премногу задоволна од КАН БЕБЕ ама одамна не користи детево мое памперс и незнам каков е квалитетот на тие пелени во моментот .. Гледав ценава на слипи памперсиве е прифатлива па искуства ако можи да споделите измеѓу кан бебе и слипи?
Јас сум задоволна од сите видови на слипи, натурал, био натурал и екстра. Кан бебе се малку помал калап од слипи но и тие се добри. Нема да згрешиш ни со едните ни со другите. Исто и дајперс се добри, памперс актив, виолета ама последно 4ки кога користев почна од гелот по газето топчиња да наоѓам и затоа ги сменив.