За поочеток да пробам со слипи ако ми ги прифати здравје боже со нив да терам оти има цело време акции гледам. За првото исклучиво кан бебе користев и бев премногу задоволна еднаш и сменив пуфис ми покажа алерргија и не ги сменив никогаш. Фала на информацијата ние ке почниме со најмалото значи да земам био натурал попаметно сигурно по имево се помеки
Па да ти кажам искрено бионатурал се маалку покрути надворешниот дел од обичните натурал , а екстрата ако не се лажам од 4ка почнуваат. Можеш да земеш еден пакет бионатурал мали се секако нема многу пелени во нив. И еден мал обични натурал па ќе видиш кои ти се свиѓаат повеќе.А акциите за слипи се секогаш за обичниот натурал.
Виолета користев до 4ка слипи од 5ка почнав не сум споредила. Во меѓувреме канбебе и дајперс 4 и 5ки . Можно е да има разлика во ширината на пелената. Ама за точно да ти кажам не сум споредила . Моето е 12.5кг одприлика висок околу 86 користам слипи 5ка преку ден, навечер ставам 6ка.
Јас не сум задоволна од Слипи. Ги користев кога имаше 1 месец, како да ги пробам, зашто Бејби Лав доста поскапи се, а тие ги користевме. Немаат ластиче на грбот, секое какање лом се правеше до врат, се утепав од перење бодиња. После си се вратив на Бејби Лав.
Мене ми немаат пропуштено. Поскапени ли се Слипи Натурал или нешто грешка сум? Денес во зегин ми ги наплатија 700 ден (5ка), претходен пат како да беа поевтини.
Поскапени се да, и тоа не малку. @Oneo Да помали се слипи, ако користиш 4ка од другите, од Слипи 5ка ти треба. Јас пробав гаќички, многу сум задоволна
Женски има акција во зегин памперс премиум 1+1, ама над 3ка се. Е сега дали знаете негде да има акција ваква и 2ка бројчиња да имаат?
Премиум имаат мрежичка на нив и убаво ја упиваат каката горниот слој е како памучен, имаат индикатор линија за кога е мочкано. Активот внатре се плави имаат ленти со гел за упивање. Активот се пошарени. И тие и тие ги имам користено, задоволна сум од двата.
И двете се одлични, како што ти пиша Ивана, мада премиум ти се number 1. Јас си ги викам хотел со 5 ѕвезди
Premium se potenki pomeki i nemaat gel. Activeot ima nekoj gel i malce ne mirisa ubavo posle mockanje. I premiumot imaat linija indikator za urina
Дали ви се случило од Памперс Премиум кер да има исип бебе? Се сменив од крем за мачкање до влажни, остана уште памперсот што го користиме ист, а газето не оздравува
Не бриши со влажни. Со што ја мачкаш? Јас се испробав и на крај ми помогна маст за потпарено, ја има по аптеките, околу 250 денари е.
Не се случило ама може на твое бебе да не му одговараат. Не е некој проблем тоа, често се случува. Пробај без влажни да тераш или по влажни да миеш газе. Јас од виолета 99 не сум имала реакција. Пробај и веледа со цинк. На крај и памперси смени. Бејби лов од дм се тука некаде со квалитет.