И јас земав пред некое време на акција Памперс премиум кер, малава има осип, не знам со што не пробав, дома ја мијам а ако сме некаде со влажни 99% вода на Виолета ја бришам, а и не е бебе ептен, 2 години е, ама осипов не поминува, сега го исклучив тој памперс од употреба од пред 2 дена и денеска ќе земам маст за потпарено да видам дали ќе се смири. Кремите со цинк на Бејбилав и Биоверде еве не помагаат, а претходно сме немале проблем за никакво црвенило со нив, секогаш ја смирувале. Може не им одговара тој памперс едноставно, а јас направив залиха, уште 3 цели пакетчиња имам 6ка
Не мила, на вакцина бевме некни и скроз изумив само вакцината ми беше в памет. Викендов планирам. А кај ги има? Во Зегин или не?
Во Зегин големото паковање ти е на акција, тоа со 88 пелени. Иначе ги има во Зегин, Еурофарм, Тинекс, Рамстор, Веро.
Кај нас не беше нешто ефикасен. Додуша него ништо живо не му помага, нема какви памперси не пробавме, на периоди се исфрла, на периоди му минува и така цело време..
Понежна кожа си има бебчето може, ко и нас возрасни, сите имаме различна. Ама мојава се нафрли од кога и ставив Памперс премиум кер, видов акција во Зегин (1+1) и не знам кој ѓавол ме натера да земам 4 пакетчиња, пола пакетче и еве што направив беља... Не знам што да и правам, се надевам судокрем или мастот за потпарено ќе и помогне, жална е за гледање и миење, вришти и на миење...
Кои пелени се за најчувствителна кожа или најнежни? Сега има проблем со кожата па незнам какви да земам
Подобра варијанта од памперс премиум се памперс хармони, ама се само мали пакувања од 30тина пелени околку 600-650 денари. Многу се добри
Пуфис се водат како сензитив. Мене до сега никогаш не ми појавила реакција на нив. Кога и се појави црвенило од Виолета коа се вратив одма и се повлече.
Здраво ве молам за една консултација, бебето е два месеци има 5 кг и 300 гр и досега користевме виолета пелени бр. 3 кои се од 04-09 кг,меѓутоа мн често има засеци на ноџињата како да го стегаат, дали да преминам на поголема бројка бр4 . Се мислам ради тоа што на нив пиши од 07 кг а нема толку бебето сеуште. Ве молам за искуства
Не се води според килажата на пелените, тоа е чисто ориентационо ставено. Чим приметиш да му се оцртуваат ластичуњата на бутчињата оди бројче надоре.