Исто како другите, од како престана да кака,го оставам со иста пелена до сабајле. Спие околу 10 часа. Нема потреба од сменување пелена ноќе ако не кака. Вака си спие цела ноќ, сменувањето би било непотребно будење.
Што е разликава од слипи био и обичните? Некој да ги има користено? Јас зедов за проба 2ка мало паковање беа таман за денски и вчера реков ќе земам џамбо пакување 2ка исто, ама ко ги отворив дома сфатив дека се различни а не ми текна да прашам во зегин ко ги земав, пошто мислев едни се и исти. Овие како нијанса помали ако иста бројка. Малото паковање биле био овие ваљда обични слипи.
Нема некоја голема разлика. Био као органски памук и биополимер имат на површината што апсорбира. у изгледот се поразлични. Инаку и двете се супер квалитет. Ама мене ми се најубави био па екстра па обичните натурал. Био има само мали пакувања.
Во сите зегин премиум се 1+1? Едит: Сега гледам на страната дека не се сите бројки 1+1, некои се 50% попуст на втор производ. Има некој инфо дали можам да земам различни бројки и да го искористам попустот? Секако иста им е цената.
Не можеш. Знам ти сакаш да земеш едно 4ка едно 5ка, ама не може така. Залепени им се две иста бројка паковања и не може да се делат за жал. Иначе ја да ги пофалам памперс гаќичките. Предобри ми се. Не пропуштаат, убаво си легнуваат. Ептен убави. Еднаш слипи имав земено ама тие катастрофа беа.
Каде ги има гаќичките? Ние користиме памперс премиум 3јка. Одговара ли бројката на пелените со онаа на гаќичките? Иначе да памперс земав и јас два лепени се и не може два различни броја
Не ги делат мајка, само ист број може. Премиум се малку поголеми од гаќите и од актив. Гаќички секаде гледај каде ти се на попуст.
Моето многу се потпарува на препони. Имам пишувано и претходно. Единствено најдов спас во тетра пелена и маст за потпарено. ( судокрем, павловиќева, бекутан цинк, фрезидерм, белогент, пантенол, јекодерм се тоа за џабе). Ја одмивав па и ја бришев кожата со сува тетра.....користев и виолета 99% вода... Неможам постојано да се влечкам со тетра пелени не е тоа решение но добро и доаѓа малку да и подиши кожата. Користено имам памперс премиум и сега користам дајперс. Дајте некој предлог за пелени кои се најблиски до тетрата по состав односно изгледаат како памук.
Мене ме интересира како сте задоволни од Молфикс и од Дајперс? Слипи веќе претераа со цените, последно 780 денари, немам толку пари секоја недела за памперси да давам...
Пази со овие 1+1, ние еднаш земавме и ми се чини цело време газето црвено му беше, нон стоп крема со цинк мачкав. Си викав од ова од она, испадна стварно од пелените. После си земав регулар како претходно, одма се среди проблемот, а и низ форумов имам читано мајки дека се жалат од акцијава. Не мора да значи дека кај секој ќе направи реакција, ама видов дека имате мака со ад затоа ти пишам .
Фала мама шо сподели. И среќа шо прееска немаше бројче во аптеката шо ми е блиску. Ќе си купам регулар.
@lilo Овие натур од ДМ ги користев на почетокот. Немаше мака со црвенило, додуша мојов немал од ниедни. Ама ми беа некако многу крути и изгледаа неудобно. Инаку навистина изгледаат баш ко памук, ама дебели се. Не знам баш дали дише.
Од сите пелени може да се јави реакција. Додека не пробаш не можеш да знаеш за жал. Кај нас секако носат роба со слаб квалитет и не е чудо. Ама може и од било кои други да се јави црвенило.
Убави се ама иста цена ти доаѓаат. Не знам дали си погледнала. Ама веќе поголемите бројчиња 4 5 исти цените доаѓаат по парче дали 0.5 ден се разлика....