Значи ќе ги фрлам кан бебево од тераса. 3 месеци беа океј, сега на секои 2 саати бебево ми е мокро до грб, не знам што е работата. 3ка користиме, сакам да сменам пример на слипи екстра. Мислење? Или некој подобар предлог?
На био на површината има биополимер. На обичните не. Другото мислам дека се е исто. И натурал се попуфлести некако на изглед и затоа така малку подебелки изгледаат од другите. Јас користам екстра и био и сум задоволна.
И мене истото ми се случи, сменив бројка и супер е. Од 3ка почнавме со 4ка. Мислев рано е, не му правеа линии, не го стегаа, ама почнаа да пропуштаат. Сега 4ката не се случило да му пропушти
Све си мислам дека 4ката ќе му се преголеми, слабичко е, не е буце и има 5кг, само што наполни 3 месеци. Ама може да зеам едно мало пакување 4ка да пробам дали ќе ги биде. Фала ви на сите.
Јас сакам да земам бејби лав,до сега користевме памперс премиум ама нема по аптекиве две недели немале донесено. Како им се бројчињата,од кои поточно да земам гледам има повеќе видови?
^ Добро што е со памперс премиумот, никаде нема (зегин, еурофарм) ... Земав бејбилав исто бројче како што користиме од памперс премиумот (5ка ), супер се, баш ни се погодија.. може на нив да се префрлиме, дур ни стигне време за пентс..
Мамички, која бројка памперс зедовте и кој бренд за новороденче. Во маркет не видов број 1, а во зегин ми ги понудија на марка Pampers. Искуство?
Мајки ние сме 5++ , користиме памперс актив бејб , задоволни сме Бучко е, 9кг е .. Од кои други пелени сте задоволни а да не пропуштаат?
1 имаш само во Дм и аптеките. БејбиЛав од Дм 1 пакетче ти е доволно ако се роди покрупно. Ние само во болница и дома уште 2 дена користевме и ги надрасна. Земи си и двојче 1-2 пакувања, да не трчаш само по аптеките. Можеш и кан бебе, само ги нема во сите аптеки. Тие се помалечки. За памперс премиум и за дајперс иам впечаток дека се поголеми. Ние сме сега на слипи, и тие не се лоши. На почеток секако ше ги менуваш на 2-3 саати и дење и ноќе, ниедни не би требалонда пропуштат.
Мами момава нема полни 3 месеци а има 5820 кг. И тоа на ад млеко е. Користев молфикс и презадоволна сум ама 3ката и е малечка а 4ката голема. Преку ден го користам 3чето а ноќе ставам од Кипер пелени фиона, и држат по цела ноќ. Таа 3ка е подолга од молфиксот. На бејби дрим ги купувам што ги произведуваат за Росман Германија. Ова колку чисто за инфо. А сакав да преминам на кан бебе ама гледам се повеќе и повеќе се жалат а не знам како им е калапот.