Ние сме 6+ и користевме памперс премиум и актив бејби и задоволна сум. Сега прв пат земав Слипи натурал 4 јамбо паковања ради табуретката, не се лоши, навечер не пропуштаат и по 10 часа, само се помали. Од памперс користевме 4ка, а од Слипи ни беа мали, ги сменав за 5 ка.
Да, многу е убава, голема е и јас седам на неа и плус се отвара и внатре може да чуваш играчки и други работи. Ние 2 земавме.
И јас сакав да земам ама од предходно искуство имаше друго на акција и земав пелени слипи и беа мали, од што беа мали на секое какање потоп беше. 6ка користиме и 6ка земав, ама помал модел се за разлика од другите.
Помали се, јас користев Памперс актив бејби 4ка, и земав Слипи 4 ка, многу се помали во споредба со Памперс.
Здраво, користев памперс актив бејби кец, сега земав слипи био пелени 2ка и пропуштаат, дали е можно да и се малечки па затоа да пропуштаат? Да земам наредно пакување 3ка или да ми препорачате други пелени освен памперс и виолета ?
И во зегин се на акција ама шо дека се Земав прв пат катастрофа жива се, секое сабајле жива вода стануваме Само бејбилав му е мајката И слипи пробав, и виолета, еве и пуфис ама сите ни пропуштија Само бејбилав издржува по 10/12 саати
Јас добив 2 пакетчиња поклон и мене ми се погодија иначе си користам виолета и сум задоволна. Гледам сите се фалат од бејби лове па наредно ќе земам да пробам
Само јас изгледа не сум задоволна од бејби лав се поминавме, сега купив кан бебе, немавме користено од новороденче и да чукнам во дрво стануваме суви неделава
Бејби лав земав и јас, до сега само памперс премиум користевме ама немаше, убави се, по меки се некако не се крути ама по кратки се, а не протекуваат. Има повеќе видови ја земав премиум 3ка задоволна
Не знам зошто викате слипи дека се помали од другите. Мене пак кан бебе ми се најмал калап мислам. Другите си одговараат сите бројките.
Ги користиме слипи гаќичките, задоволна сум. Но од слипи памперсите гледам три видови има, кои би ги препорачале? И ако памперс користам 4, слипи да земам 5? Помал калап имаат претпоставувам како гаќичките?
Користев премиум 5ка, слипи натурал и екстра исто 5ка земав таман му беа. Слипи био натурал моментално имам пакет 4ка и му е ок ама е поголем модел од другите два типа слипи. 5ката е малку поголем од другите 5ки споредено со натурал екстра и со бејбилав. Има 12.5кг.
Био па екстра па натурал. Мада биедни не пропуштиле по 10-12 ч ноќе. Сее. Ствар до вкус онака за изгледот.