Да малечок е, 17 дена има има повеќе од 3 кг па зедов 2ка сега од памперсот...може му се малку поголеми ама па 1 беа кнап. Курето на долу треба? Фала ти многу за советот.
И моето се мочкаше постојно на преслекување посебно на почетокот па му ставам од тие поголемите туфери од ДМ и да се измочка собира на него или пак барем не се сите алишта мокри.
Големки се памперс премиум. Можеш да земеш слипи или кан бебе, тие се помалечки. Само земи си прво мало пакетче, кан бебе има во некои аптеки по 10-12, чисто за проба. Само да знаеш дека во Зегин ги нема.
Мене свекрва ми, ми вика курето нагоре да му го кревам. На времето така им велече.И многу често дури беше помал Памперс премиум ми пропуштаа горе. Пелената горе жива вода, долу сува. Сега навечер му ставам Памперс или слипи био пентс и не ми пропуштаат. Курето сега треба нагоре да се крева или не?
Има ли некој задоволен од Слипи гаќички? Јас не бев од пелените ама гледам само од нив има 3ка гаќички, па сакам дс ги пробам зашто 300 на саат е малава, едвај и ја залепуваме пелената. И која е разликата помеѓу Натурал и Био Натурал?
Едно ке ти треба за во болница и едно за дома. Потоа можеби ке ти треба 2ка зависи колки ке расте бебе. На почеток е свиткана напред кај папочето, инаку и од 2ка почнуваат некои. Не трупај многу од 1ца. Памперс премиум или бејби лов.
Бејбилав му земав за почеток, едно пакетче само за во болница. Таму па многу го пресоблачаа... Кога излеговме веќе му беа тесни и одма почнавме со двојче. Ја си имав купено и пакет двојка и одма се префрливме на нив. Ама зависи и колкава килажа ќе е.
Фала ви. Ќе земам две 1 и едно 2, за секој случај да не кога ќе си дојдеме и бидат малецки. Секако ќе ги искористиме
Јас голем бебуш родив и три пакувања кец искористив. Ама сум можела и 2ка директ да земам. Сакав да кажам не земај 5 пакувања или повеќе, бидејќи 1вите сите се мали пакувања, да не се излажеш.
Памперсиве ги има само до број 6? Што со дебело бебе од 8 месеци ? Од повеќе фирми пробав 6ка му се точни, 5ка го оцртуваат. Ако се смалат и овие, што понатаму ? Глупави прашања ме мачат.
Јас сум задоволна од слипи натурал гаќичките. Освен памперс немам друго ништо пробано, но баш поради тоа што не седи мирна за мењавање пелена се префрливме на гаќички. Нерви откорнав на секое мењавање со плачки. Вака и на одење се облекуваме.
Ха ха и мене ова ме мачеше, имам дома и 5ки и 6ки, моево нема 8месеци а купив последен број што постои, 6ка до 30 кг се последни. Ништо, ќе му ставаш додека носи пелени 6ка, би требало да стагнира со килажа кога ќе прооди. Поголемиот на 3год се одвикна, па сега види ти колку време ќе сме со 6-киве И мојава е буца, значи 5киве знаат црвени линии некогаш да и направат. Битно табуретка си зедов, многу се убави, се мислам уште 4 џамбо да купам утре од памперсиве. До лето ќе бидам снабдена (и гаќички и пелени зедов) Се собира внатре, плус си седиш мераци. Аа да, и дезените се преслатки
Јас имав земено едно број 1 Виолета, го користев на болница и дома, потоа купивме уште едно паковање бр.1 од Кан бебе и толку со бр.1. Од бр. 2 Виолета искористивме две паковања и потоа на месец и две недели кога беше почнавме со бр.3. Нема правило ќе си го пратиш бебето, зависи колкаво ќе се роди, зависи колку ќе напредва. Моето се роди 2720 ама напредуваше по 1 кг и 300 г месечно и сега на неполни 4 месеци носи веќе бр.4 пелени. Земиси помала количина па ќе се прикупуваат да не се натрупаш со броеви кои брзо ќе ги одрасти.
Гледам доста се намалени Еви пелените во дм. Тие што ги имате користено споделете искуства. Јас користам Виолета и зароволни сме многу ама барам поефтина варијанта за денски.