Овие се тие од Кипер? Син ми имаше проблем со црвенило, другарка тогаш ми ја прати сликава ама не ги купив.
Мамички тука прочитав за пелените Lalin од Кам и ги земав да ги пробам. Второ пакување трошиме и морам да ги пофалам. Малку бев скептик дека имаат некој гел на средина ама немаме никаква реакција. Бебе суво цела вечер. Преку ден е активен и не се размачкува од страните или на грбчето. Пелените се меки, пријатни и малку пошироки од памперс премиум. А за економичност да не правам муабет. 4ка се 50 пелени за 349 ден.
@Sonchulka во кој купер ги начекуваш памперсиве? На Виолета сме ние,ама би ги зела да пробам за преку ден.
и јас не успеав да најдам бејбидрим, зедов обични ама одма прв ден пропуштија...ама заклучив дека мојот проблем е премногу активно бебе ако спие мирно немаме проблем, ако се врти како вртелешка тогаш мочани сме сабајле сигурно
Мами дали некој има да ми слика спиредба на канбебе со памперс од иста бројка пелени? Сакам да видам колку се слични за да земам памперс, канбебе се многу тесни и мали, користам 3ка моментално и во споредба со виолета и бејбилав 3ка изгледаат дупло помали. Сакам да пробам памперс ама не сум сигурна дали 2ка или 3ка да земам
Јас користам кан бебе 3ка за преку ден а памперс 2ка, скоро исти се со големината, немам ист број да ти сликнам, ако сакаш за споредба вака да ти сликнам?
Еве повели, кан бебе се ептен мал калап и 3ката се иста големина со памперс премиум 2ка, башка памперсов се порастегливи.
За навечер сакам да го земам памперсот, да пробам дали ќе држат без да пропуштаат, а за преку ден канбебе користам ама некогаш знаат брзо да пропуштат и по 2,3 пати се соблакаме и нонстоп перам и пеглам, ми се смачи веќе
Исто, скроз исто, затоа земав памперс за навечер и еве ниеднаш не пропуштиле, суво бебе 10-12 саати. А со кан бебе откако почнав да не ја истегнувам пелената нагоре и подоле да ги лепам лепенките, ретко пропуштаат преку ден, држат 3 саати сигурно. Е сега некад бебе е преактивно и многу мрда па обавезно жива вода цел грб и машина секој втор ден. Ама јас не пеглам
И јас почнав лепенките под назначениот дел да ги лепам и не пропуштаат толку многу нагоре. Јас пеглам ептен дека е мал, до кај 4,5 месеци и после нема да пеглам ни јас. Значи 2ка памперс премиум а не обичен памперс така?