Јас само Премиум сум ги користела, не знам да ти кажам разлика. Првиот месец ги користев и не му се погодија, многу пропуштаа
Веројатно има разлика некоја, јас лично ги користам од сам старт премиум, бебе е скоро 4 месеци и не би сменила никад. До сега не била ни исфрлана ни некогаш пропуштила пелената
Ако е прашањето од памперс премиум и актив, јас на почетокот ги користев премиум сега актив, разликата е што премиум има мрежичка од внатре, и подебела е самата пелена како што можам да приметам исто има индикатор за мочкана пелена напред, а актив од друга страна има некој гел веројатно, убаво мирисаат пелените потенки се, и пошарени од премиум и немаат индикатор Досега ни двете не ми пропуштиле цела вечер
Виолетата ххл хо купив минатиот месец 795 денари, идам денес по пелени гледам 899. Иста цена со памперс. И не земав затоа што ова е претерано. Не се 20 ден во прашање. 100+ денари се покачени...
Добро со бејбилов што направиле. Користевме 2ка ни претекува ок мали се ги мењам на 3ка пак истото. Или јас овие две недели заборавив пелена како се мести или нешто друго е во прашање. Има некој вакво искуство?
Да постојано само ги поскапуваат, еве сега гледам 999 ден му се сите ххл паковања. А стандардните од 529 беа пред два дена на промоција и денес гледам 675 а демек пак на промоција. Незнам дали само Зегин е оваа варација на цени или и во др места.