Какви сакаш. Јас носев бејби лав, цимерката носеше слипи. Нема некое правило. Освен марамици и пелени, ништо друго не треба за бебето. Освен ако сакаш да си носиш твои шпикозни и боди, али не мора. И ако е крупни бебето не ти требаат повеќе пакетчиња од 1ца памперси. Моето само во болница и дома додека да ги дотрошиме за ден два носеше 1, после преминавме на 2ка.
Има мајки задоволни од слипи био? Ми дадоа неколку пати тестери во зегин па убави ми се видоа искрено. Виолета се поскапи и поскапи... А канбебе искрено не ме бендисаа, земав зошто непланирано останав кај моите на спиење па случајно да не снемам а викенд беше..
Мене Слипи (ама Натурал) ми се покажаа подобри и од Виолетата. И ја земав Кан Бебе за проба, дека сличен калапот со Слипи и секоја какана пелена му пропушташе низ мрежичките од страна. А и Виолетата исто, низ мрежичките. Додека со Слипи ниеднаш немав таков проблем, од раѓање ги користевме (со 10-12 какани пелени дневно у просек )
Јас ги имам пробано само гакичките од био натурал, подобри се од слипи натурал кои многу пропуштаа, но сепак памперс пентс се далеку подобри. Денес прв пат пробавме Еви бејби за преку ден и сум пријатно изненадена, повисоки се од другите, не пропуштаат, имаат пристапна цена.За навечер остануваме на памперс пентс.
Јас земав памперс за во болница бр.1, ама големо ми е паковањето, е сега се мислам дали да го носам цело паковање или да извадам 10тина пелени и да ги ставам во торбица или да купам помало она со околу 20 пелени што е? Ми е страв да не ми прават проблем дека извадени од паковањето ми се пелените
Значи да не купувам помало паковање да си ставам од тие во посебна кесичка и да си ги носам ❤ фала мамичка на одговорот ❤
Да, само земи си повеќе од 10 пелени, мој совет околу 20-25 па ако ти останат ќе си ги вратиш дома секако
фала на советот ќе си ставам тогаш повеќе пелени, зашто ми беше ако го ставам цело паковање со приколка треба да одам во болница ❤ фала мамичка на советот
Можеш и за дома да оставиш во ќеса а во болница земи си го паковањето ако мислиш дека не ти речат нешто.
Од кои гаќички сте задоволни? Почнавме со памперс пентс, ама некако скапи ми излегуваат (44 парчиња 740 ден ги земав), а гледам слипи и канбебе се малку поевтини (20 парчиња околу 250+- ден).