Мамички да ви кажам дека во Веро памперсот (тие што користите биле на некоја акција), сега барем јас уште не сум породена и незнам искрено како идат цените, ама другарка вчера земала од таму Памперс 56 во паковање за 600 денари. Сега незнам колку се исплатливи, јас сеуште незнам како се движат цените на пелените, ама еве споделив на некоја мамичка може да и е од корист ❤ е срга она земала бр.3 (незнам како се движат и со бројчињата) но ми кажа дека и другите бројчиња биле на акција ❤
Да не случајно некоја мама виде колку е цената на Виолета пелените со роденденското намаление во Веро?
Сеа глеам за Памперс, пишува сите се намалени 40посто на флаерот, а на сајтот намалени само 15% односно од 1189 демек вратени на 985 ден. колку што и беа до пред некоја недела, цццццц, се е маркетиншки трик а цената на пелената не е падната, исто и во ДМ, намалени од 999 на 750, уствари продаваат пакувања со помалку пелени, 56 за 5ката на пример, и тоа е уствари реалната цена на производот. Они не губат ништо а ние се летаме демек поефтини биле.Баш ако иде некоја нека сликне да видиме дали памперсот е по 900 и кусур денари за да не трчаме за џабе
Јас купувам памперс или од зегин или од кам И на двете места е 969денари Конкретно за 6ка се 68 парчиња А во веро 985 ден се 56 парчиња
Да провериш и по другите маркети кај се на акција. Незнам која од Вас користи Еви бебе ги гледав на летоците по маркетиве дека се на акција ❤
Во веро се на акција сите бројчиња еви, 6ката 30 пелени де 370 ден А во кит го и вива фреш само 3кс и 4ка Ги користев јас убави се не пуштаат ама мн се подебели во споредба до памперс актив
Памперс актив во Веро се 985 на попуст сите бројчиња, а во Зегин 969 редовна цена. Добар им е попустот на Веро
Во Веро така прават и јас се залетав кога видов нит попуст нит бутур. Тогаш користев виолета и немаа никаков попуст. Сега пошто е се поскапе и горе доле нема многу разлика во пелените освен ако не фатиш нешто на акција останавме на Baby love, a и evy baby не се лоши купувам кога се на акција.
Јас мислам најдобра акција е онаа 4 поени,за купени 4 актив бејби или 1 гаќички и 2 актив бејби. Даваат 800ден ваучер, значи заштедуваш. Ама кој да купи толку пелени, 4000 ден. наеднаш, ако сака некоја членка по пола да купуваме па по 400 ден да си се почастиме нешто од маркетот
Јас земав денес од Веро актив бејби 2 гпп памперс и 1 гаќички, за околу 3000 ден, добиваш ваучер од 800 ден, значи едно пакување ти иде околу 700 ден, стварно се исплати.
Пробај ги тие другите Хелло од Кипер, меки се ептен и добро држат, фиона се малку груби како картон, ептен се погодија кај нас