Па бејби лов и пуфис користиме 4+ и 4. Јас земав лупилу 4ка. Мислам дека може да земете за секој случај 5 затоа што не сум сигурна памперс каков беше калапот, дали е помал или не
Wow..тоа е скапо... редовна по ептеки се 700 и нешто, а зегин јажбо пакување од 87 пелени се 999 денари, еурофарм беа на попуст 600 и нешто
Да скорс ист калап се, со тоа што бејбилов се потенки и помеки од памперост. Баш пријатно ме изненадиле.
За двојката не ми текнува како беше ама тројката е од 4кг до 9. Јас почнав исто со 1, а малиот беше 4 кг и бев задоволна, после кратко може користев двојка па преминав на тројка со над 5кг. Тројката не му одговара, мислам дека му се многу големи, му течеше од страна често.
Исти се. Да пробаш топло ти препорачувам. Ние ги користиме скоро 6месеци други не сум земала ни да пробам.
Јас од маркет во Гв ги купувам Вилета ххл бр4 со 104 памперси за 999 откако се оскапени а претходно беа колку 800 и нешто ама кога имаа акции ги купував за околу 700 ден. Го зедовме шаторот од ДМ памперсите не се испаќаат по таа цена,да побарам сметката не сум сигурна или 815 беа или 825.
По препорака на @monik55 земавме Пуфис гаќички и морам да кажам дека до сега немаме пробано подобар памперс. Полесно се натргнуваат за разлика од Памперс пентс, не му се тесни и не му пропуштаат. Плус се поевтини (38 парчиња 499 ден ако не сум грешка, а П пентс 44 парчиња 735 ден). Ќе одам утре во Дм да се наоружам со уште некој пакет.
И јас сум презадоволна од пуфис, користев и пелени и гаќички комбинирано. Меки, растегливи, не пропуштаат. Кога почнав да користам 4+ пелени, различен беше материјалот, многу се исфрли, долго време не му поминуваше. Не знам дали беше од пелените, ама за секој случај ги сменив
Molfix гаќички супер се исплатливи 38 пелени околу 500 ден. Меки лесни за облекување и супер впиваат, а мочковци големи се. ( поголемиот скоро 5 уште навечер му ставам).