Јас пак од Пуфис гаќичките ич не сум задоволна , и потешко му ги облекував , ластикот многу го оцртуваше на меше синко , па морав да ги поткинувам , а на Памперс гаќичките е многу мек ластикот , и лесно се облекуват , а си е мало буце и синко. Јас пред неколку дена земав giant box 60 гаќички за 960ден , баш добра цена.
Гаќичките се менуваат исто како пелените, зависи како ги полни. Ги има во тинекс и во дм, за друго место не знам
Ти кажав. Јас ги комбинирам и со Молфих пелените тие ги зимам Од Кит го или Зур 20пелени 159 ден одлични се за таа цена.
Можеби и нешто пакетот да е бил фалш. Мене ми се погодија, и ластикот се растрга, има бааги место уште за едно меше напред. Баш сеа пресметав, 490 ден пакет, 2 пакети т.е. 76 парчиња за 980 ден. До сега ми се чинат како најисплатливи.
Здраво мамички, како сте зароволни од новите Виолета air dry xxl паковање од Зегин. Ме убедваше аптекарката дека истите пелени се само надворешното паковање е сменато ама и пелените различни се од претходно.
На дезенот различни или ? Од луѓе што работат во Виолета добив инфо дека биле исти само паковање и дезен различни. Другарка за малата користи и не ми спомнала разлика.
Различен и дезен ама и како поинаква на допир е пелената. Ќе видиме сега за издржливост како ќе се покажи.
Во дм од денес се намалени виолетата околу 690ден,чисто како инфо за шаторчето ако е во план некој да зима
I jas sega vidov deka se namaleni. Dali nekoj go ima zemeno shatorceto, Dali se isplati I koi dimenzii gi ima?
Собрано ми е моментално.Ама големо е ме собира и мене и синко големиот 7 год е.И тоа тој лежеше јас седната.Ако можам после ќе го наместам ќе ви го сликам.А димензии не пишува
И јас приметив разлика, потенки се плус сега кога ќе се наплони пелената од страна долниот дел се гледа гелот одоздола, за разлика од пртходно како што не беше таков случај.
Јас го земав супер е. Истото во локо кроко 1250 ден. Не ми пишуваше димензии на ливчето од шаторчето.
Еве и јас да пријавам, тестирав пелените од лидл Лупилу и не се лоши, до сега најдобри Виолета но не сум го пробала новото пакување. Ми ги донесоа од Бг 44 пелени бр5 15 лева.
Шо е работата со Пуфис гаќичките? Кои се нови, жолтите/зелените или сино-виолетовите? Претходно купив од тие жолтите, беа супер. Пак купив 2 пакета, покрај тоа шо се друга боја, многу лошо се кинат и пропушта секој втор памперс. Ужас. Едит @monik55 можда ти знаеш