Зошто се што е добро мора да го сменат и расипат, се помирив со поскапувањата на Виолета пелените со утеха дека се квалитетни се додека не ги сменаја и новите се катастрофа, лепенките се кинат, има пелени со дупки, ноке пропуштат. Ве молам за предлог со кој да ги сменам, Канбебе, Слипи, Баби лов ( незнам која цена ако знај некоја мајка да ми кажи и колку се пелени во бр. 5) ве молам за помош мамички
Памперс да си земеш, јас се пробав и на крај останав на Памперс, нит пропуштаат нит имаат маани, пред нив се утепав од перење и пеглање нонстоп од што ми беше бебе утоп од пелените, сега е раат и он сув и јас помалку обврски со алиштата. За 200,300 денари искрено не се исплати нервозата и перењето
Супер што си имаш залихи, во Зегин сменето е ххл паковањето и поинакви се пелените, незнам дали помалите паковања и тие им се сменети.
Ја и покрај сите пробани решив да се вратам на Виолета, но сеуште го немам пробано новото пакување. Бејбилав мене многу ми мирисаа на мокрача. Сакам да ги пробам Бамбино од стокомак но периодов нема никаде 5ка... И Еви бејби биле океј од мои познанички искуства.
5ка бејбилав мало пакување се 36 пелени 469 ден, а џамбо се 72 пелени 829ден беа Користев и слипи и бејбилав и еви бејби, сите имаат маани Преминавме на 6ка ние а бејбилав нема џамбо пакување и 32 пелени за 469ден не ми се исплаќа, слипи не се баш ефтини а пропуштаа, еви бејби не пропуштаа ама се дебели 2 месеци веќе сме на памперс актив нема ниедна пелена пропуштено, нити пак маана им најдов 6ка се 68 пелени 969ден во зегин 5ка се 72 или 76 а 969ден Ако сакаш поефтини некои, во кипер има фиона 5ка 20 пелени 169ден не се лоши ама ретко се наоѓаат
Памперс актив повеќе од една година го користам за син ми и ни еднаш немало инцидент со него. (да пропушти, утоп да ми стане бебето) Скап е ама си има и поевтини за тој што не може да си го дозволи.
Искуства со Памперс гаќички? До сега користеше Бејби Лав пелени ама нема шанса веќе пелена да и се намести убаво. Сакав гаќички да земам на Бејби Лав ама нема 4ка од 5ка се. Земав за проба Слипи, како што и мислев, никакви се.
Добри се. Мама ако користите памперс 4ка, гаќички земи си 5ка, потесни се. На моето од Памперс Пентс кнап му се 6ката веќе.
Ако мислиш на тоа со ваучер последно во веро ми има излезено И рамстор да провериш исто дали сеуште важи Јас сакав да земам ама овде пишаа дека 6ка пентс се помали од 6ка пелени и не земав
Јас користам 6ка пелени за навечер и 6ка пентс за денски...стварно се помали ама досега од секоја фирма што сум зела гаќичките се помали него него пелените...не се лоши значи држат ама за навечер не би ги облекла, навечер нас ни пелените некогаш не ни држат...сега ги зедов гаќичките демек ем лето ем не стои моево никако за пресоблекување па ако е помочан само гаќичкиве можам и до стоење да му ги облечам
Ние сме на бејби лове пелени 4ка. Некни и земав памперс пантс исто 4ка, од тие новите отпорни на какафонија . Сабајлево баш ем цела ноќ пуна пелената од мочки, ем се покака така баш обилно, нити пропушти ни од страна ни од горе. Ластикот е топ, воопшто не се познава и не оцртува. А слипи и јас ги имам пробано и се катастрофа жива.
Не сум ја видела рекламата а баш ми кажуваа. Има и пелени од тие отпорните или само пентс? Како се викаат како да ги побарам?
Еви Бејби, ние ги користиме, презадоволни сме... Ги има во големите маркети и скоро секогаш се наоѓаат на некој попуст..
Супер се , јас земам 6ка за синко , не пропуштаат , и најважно ластикот не го оцртува на меше , баш е удобен , мек. Слипи се ужас.
Само пентс има сега за сега. Во кутија се спаковани и на кутијата има 2 капки во тажни фаци, едно демек мочка едно демек кака и пишува STOP.