Памперс гаќички одлични!!! Од 8 вечер до 7 сабајле не мрдаат. Цената е ок, моментално се на попуст во Еурофарм 950 денари.
А крути ли се? Ние до сега имаме само памперс премиум користено па после се префрливме на бејби лав и толку други немам пробано,земав и од гаќички ама ми се по крути од пелените. Со месеци сме само на бејби лав ама последниве ми мирисаат лошо па ќе ги сменам,совет што би пробала се мислам за виолета.
Мојава од раѓање беше на Бејби лав ама веќе не може да и се намонтира пелена, бега па морав на ѓаќички да сменам, стоечки да и ги облакам. Покрути се малце од пелените ама далеку од тоа дека не чинат во тој поглед. Јас искрено не експериментирам со пелени, еднаш земав Слипи ги фрлив во контејнер, никакви беа.
Мене па ми се многу тешки за облекување тие гаќички. Таман ќе ја пикнам едната нога и ќе ја фатам другата он првата ја извадил
Исто а демек ги купив за полесно облекување ем за летово, ем зошто моево не застанува, двајца го држиме за преслекување на една пелена..на крај си се вратив на обични пелени
Покрути се, бејбилав се многу мекани и тенки. Не знам зошто си осетила миризба, досега кај нас немало проблем. Од памперс гаќичките синко одма се исфрли, не се потпари туку брунки му излегоа, исто како и од виолета. Ама тој е со егзема, па можеби затоа.
А сите овие имаат мали пакувања? Пример со 20тина пелени во пакување? Сакам да земам на почеток мало да видам реакција па после да си земам големо. Оти ако земам кутија со 90 пелени пример и ми се исфрла од првата пелена... Џабе парите фрлени
Јас исто така прашав за Виолета, ми рекоа дека нема мали паковања. Кецот се +70. Среќа ни се погодија
Не се 20тина,околу 40тина мислам беа Виолета и Памперсот. Нема толку големи пакувања од 1цата. За Бејбилав не знам колку се. Земи Памперс премиум, Виолета се покрути. @LaDyDoLl Виолета КОТОН бело пакување има 100% мало. Јас зедов такви прво, па после Памперс премиум.
Арно викаш,што си е сигурно сигурно си е да си земам испитани се . Она немала до сега никаков проблем ама не ми се експериментира мн е нежна.