Под некој кревет ако имаш место или во подрум. Ако ништо друго барем кутијата од Памперс Пентс му е многу интересна за играње. Ќе има цело лето занимација.
Читав и јас дека се слични со памперс премиум и зедов за проба. Пелените се добри ама нема споредба за мекост со памперсот.
Земи му 2ка мама. Мене ми беа ок бејби лав, само не знам за цена. Моето се роди 3 600, кога излеговме од болница веќе му беа мн тесни кецот, а не можев да набавам 2ка па се префрливме на кан бебе. Памперс премиум немам пробано до сега.
@brm_brm @Bubce38 Девојчиња се извинувам вчера заборавив да ја сликнам гумата @brm_brm @Bubce38 Синоќа заборавив фа ви ја слика гумата се извинувам И има уште еден дел што ја штити главата и грбчето од сонце,странично се прикачува но моментално не ми е надуван и не е ставен.
Predlog i preporaka za pelenive od mene. Od Kiper gi zemav odlicni se original kako pampers mi se a cenata e povele od odlicna.
Еве јас да пријавам пелените од стокомак бамбино се одлични, ниту една не пропушти досега. Иначе е мал калапот според мене.
Ајде да ги пофалиме и Minnies од Рамстор, ем ефтини ем супер пелени. Да знаете во Дим маркети на рефус се продаваат Кан бебе пелени, исто каково Кипер што се пакувани во прозирна кеса.
Да ги пофалам baby love пелените и гаќичките од дм. Загреана бев Виолета ќе ги менував со Памперс актив, меѓутоа сретнав една пријателка и мн ми ги исфали овие од дм и ајде реков ќе ги пробам. Тенки, меки, непропуштат, на грбчето имаат ластиче плус, чиста петка од мене.
Зошто? Како што има црвви во газот ако не носи гаќички во градинка ќе треба да си седи во истата пелена цел ден.
Моето кога беше во 7ми и 8ми скок, невозможна мисија беше да смениш пелена. Требаше 2ца за тоа. Во тој период полесно ми беше гаќички да му облечам. Ги прашав во градинка дали да им донесам гаќички за полесно, ми рекоа сеедно им е, се снаоѓале и со пелена. Ако имаш можност прашај ги што да им однесеш, ама и да е пелени нема да ти го остават така детето цел ден непроменето.
Да пријавам одлично искуство со Кан бебе. До сега користевме Бејбилав,ама на неколку наврати немав од каде да купам а ми беа итно потребни пелени и земав Кан бебе и многу се изненадив,не се дебели како порано што беа,скоро исти се како Бејбилавот.
Што правам погрешно што пелените Памперс ми пропуштаат на скоро 3 неделно женско бебе? Отстрана протекува, кај стомачето странично, и тоа само кога е свртена да спие настрана. Убаво го местам ластикот, стегам, ама пак протекува? Дали некој имал вакво искуство, дали е до пелените или до мене? И со првото (машко) ги користев Памперс вакви дешавки не сум имала? И со 1ца ми правеше вака, ај викам да не треба поголеми, еве и со 2ка е исто.