Искуства со Babylove пелени?Досега само Pampers active baby i Pampers premium сме користеле,еднаш земав Violeta ептен пропуштаат.Ме интересира доколку некој знае и цена за 6ка број на Babylove,па доколку се добри да менуваме
Јас користам бејбилав скоро од старт. Бевме на памперс, на виолета и на крај бејбилав ми се покажаа како најекономични и ниеднаш немаат пропуштено, не ја оцртуваат. Супер се Едит: не знам цена, ние сме на 3ка
Јас ги земав сега за проба 2ката, вака на прва се многу потенки од памперсот ама супер се, помеки и поудобни делуваат и плус не се толку надувани кога се помочкани. Памперсот огромни стануваа, овие не... Е сега ценовно и не ми се нешто разлика, најдов само пакување од 42 пелени, 469 денари.
Епа да дотрошам залихи од виолета и ќе се пребацам. Поголем калап се? Од виолета сме 4ка (7500 грама е)
Не....ја имаш гледано рекламата од памперс за какафонија?Е тоа кај ластичето што штити изметот да излезе....ако најдам двојка дома ќе ти сликам
И ние од почеток само со памперс премиум бевме и откако се изначитав позитивни искуства овде за бејбилав, почнав да купувам (број 4+ сеа за сеа) и некако дури и подобри ми се од памперсот. Помеки, поеластични и најважно цела ноќ по 12ч не пропуштиле до сеа
Искуство со пелени за пливање. Гледав некои како за повеќекратна употреба ама не знам како се користат. Нормална пелена има под нив? Функцијата им е да не пропуштат вода внатре? Некој да препорача такви пелени...
Јас од Памерс премиум преминав на Памерс актив па на Бејби лове. Од кога прејдов на бејби лове не сменив веќе пелени. Поубави ми се дури и од памперсот. Меки, текни, памучни. Ни кака ни мочка пропуштиле, нити па проблем со црвенило или било што такво. Најтопло ги препорачувам на сите. А и не се скапи многу. Коа ќе пресметаш по цена на парче економични излегуваат. 829 денари се сите џамбо пакувања со тоа што во секоја бројка има различен број пелени. Не ми ни паѓа на памет да ги сменам. А здравје за второ од старт со нив ќе си почнам.
Колку кила е беба? Да знам шо број да земам? Мојата е со танки ноџиња и половинче...кажавме бај бај на бутките