Од Стружанка имам земено моч пелени ги викаат, со мушамче одоздола. Имам неколку, се перат во машина. Според мене мн практични и поефтино решение.
Јас такви за една употреба никогаш не сум купила. Користам платнена со гума/најлон одоздола што е, што се пери.
За жал најефтини се Слипи. На Бејбилав се 149 денари 10 парчиња, Бекутанот околи 160д 7 парчиња, Кан Бебе беа 135д 10 парчиња ама последно ама не можев да ги најдам, дефицит како да им се. Виолета се прескапи, над 250 беа мислам...
355 се од Виолета за 10. Јас па такви мислев да земам, не знаев дека има и други сега, за малиот само такви наоѓав. Добри се на Бејбилав? Се користат повеќе пати?
Пфф прескапо за подлога. Супер се Бејбилав, шаренки коцка се 60 на 60 мислам, Слипито се поголеми 60 на 90. Е сега зависи колку ќе кака и мочка бебе на нив, мојата кога е какана обавезно лом ја прави на пресоблекување
Мајки, вие што користите Canbebe дали сте приметиле кај 3та дека пелените од малото и големото пакување се различни?
Се опоравуваме од колона со бебка, 3 месеци, 2 дена тт, од вчера нема висока но му се движи од 35.8 до 36.3,4. Дали е нормална ова тт?
Му даваш сеуште нешто против температура? Со каков топломер мериш? Ако е со бесконтактен и е испотено бебето може да покаже пониска температура.
Не му давам ништо за тт ден и пол, а мерам со живин под мишка. Вака се поти ама не многу. Сега се мислам по долги да го облечам, ми е страв по кратки да не се намали појќе тт.
После висока температура кај бебињата е нормално да имаат малку пониска, дури се стабилизира. Ако му облечеш долги и се испоти уште повеќе ќе ја спушти, со потењето се лади телото. Не е алармантно ниска.