Помали се Слипи од Виолета. Има екста, тие се поевтини мислам. Памперс Пентс пак поскапеле аман. Пред една недела ги земав за 950, сега 1 100.
Памперс актив бејби има на акција во Рамстор 96 парчиња за 899 ден, некако исплатливо ми звучи... и во Зегин беа на акција приближна цена.. Иначе слипи не ми се лоши само што се помал калап.. 2ката е колку 1 од памперсот.
Мене воошто не ми се крути Слипи, баш напротив многу поудобни делуваат од Виолетата и помеки се каде каде. Помал калап се, па ако користите 5ка од Виолета, тогаш ќе ви одговара 6ка Слипи. Мојов јунак има 8.6кг а веќе месец и кусур користиме 4+ бројче (иако баш 4+ почнува од 8 или 9 кг нагоре). Ние ги користиме од новороденче, едно време земав Кан бебе, Памперс Премиум и Виолета за проба и за смена малку и се покајав од сите и пак си се вратив на Слипи. Тимот што победува не се менува
Јас сакав на памперс премиум да сме барем првата година, такви купив,ама неколку пати пропуштија, плус моето пливаше во кецот памперс... По совет земав кец на Слипи, супер сме, помал калап се дефинитивно но нас ми одговара.
Јас со првото синче користев Слипи ама после 2риот месец,тогаш имаше само натуралс,сега гледам некои бионатурал има па се мислам кои да земам за бебето.Кои се подобри обичните слипи или тие бионатурал?
Јас со бекутан терам уште. Во болница такви ставаа, продолживме и дома. Пробав бејби лов му ставив еднаш 1ца, му го прежилуваа ногчето. Ставив после и 2ка,исто му беше потесно кај ногчето, ама па и газето му се вцрви. И еве мм не дава да менувам више, донесе уште од бекутан. Ќе терам додека имам, па ќе видам натака.
Бионатурал се подебели, нас ни пропуштаа. Екстрата се со некој мирис на лимон тие не сум ги користела. натурал користам и сум задоволна.
Нови и одлични. Малку скапички, но тоа е. На моето му се појави црвенило од baby love xs пелените и ги земав овие xs. За неполн ден се смири црвенилото Не пропуштаат, што е најважно. Кој може да си ги дозволи финансиски... Топло му ги препорачувам. До сега на Слипи и Памперс. И се мислам на што да преминам. Најверојатно ќе останеме на Памперс. Барем за 1 и 2. Некако цената е поприфатлива од поголемите броеви.
Како сте задоволни од бекутан псмперсите? Користевме Памперс ама некако многу ми мирисаа лошо последните две пакувања а и цената им ја качија многу
Мами да прашам Памперс бр.2 дали има и ако има од колку до колку кг се? Јас колку можев се развртив по маркетиве и ѕирнав онлајн ама никаде не гледам бр.2 Моево е уште на единица ама машала кај и да е ќе ми ги стигне 5кг, а бр 3 гледам дека се од 6кг нагоре