Да да за гаќички, од 6 месеци почна да ми станува кошмар мењавање пелена и од тогаш се префрливме на гаќички еве веќе 18 месеци има палавката мала.
Еднаш и земав Слипи ѓаќи, катастрофа жива. 5 пропуштија, другите ги закачив на контејнер. Сега па за во градинка почнав да и земам пелени Слипи, не ми ја вратиле пресоблечена. Кога ја праќав со Бејби Лав, по 2 пара хеланки и мењаа. Памерсов гаќи се топ ама малце претерано е со цената. До душа ако заоди убаво во градинка нема многу да трошиш. Мене некако повеќе пелените таму што ги носи ми идат него гаќичкиве за дома што и ги ставам.
Богами во градинка стовпати во денот ги пресоблачаат. Летаат памперсите. Среќа шо се поевтини Виолетата од гаќите.
Овде ми ги фалеа,од Лидл,ама јас скептик бев. И од што не знаев што појдов и купив Памперс премиум. Се мислам дали да ги земам овие. Овде најсоодветно е па да прашам. Бебка е секако над 4 ипол кг, користиме 2 ка Памперс Премиум и се случува да се покака, да ја кренам и да претече. Инаку и цела вечер и стои пелената и не пропушта, или ако е успиена, да е полна и тогаш. Да не е за 3 ка веќе? Скроз заборавив како се гледаа бројките на пелените и сега цел ден се мислам што да купам, која бројка.
И јас исто се мислев деновиве што да правам од кога ми пропуштија неколку пати 2-та пампер премиум и денес купив 3-ка памерс актив. Еве колку разлика се 3-та се од 6-10 кг.
Актив читам овде помали биле. Не знам, обично Памперс не пропуштаат,се си мислам до бројот е или не и е наместена пелената добро. Јас овде си ги фаќам на акции и мене ми излегуваат доста ефтино. И речиси секоја недела се некаде на акција. И не сакам да ги менувам, ама се мислам и Бејбилов да пробам.
Јас број 1 премиум користев. А сега број 2 актив. Супер ми се и тие и тие. Впиваат и не ми пропуштиле. Само на почетокот премиум неколку пати зошто мислам и беше многу голем памперсот кога не пуштија од болница. Сега планирам да земам актив 3ка. Двојкава гледам почна да и прави линии кај бутките иако пишува до 8кг. Мојава околу 5 кг има ваљда нема да и биде многу голема 3ката?
Нема врска килажатс што ја пишува таму. Ние многу брзо стигнавме до 5ка/гаќички 6ка и уште си е на истите со месеци.
Засега топла препорака за бејбилов. Ноќе мојата пие млеко и сабајле е полна до врв. Но не пропуштула. Едно сабајле не ми дозволи да и сменам одма, па во меѓувреме се искака и правеше акробацио со полна пелена....е тогаш бевме со гомца по алишта. Ама пелената тежеше сигурно 1.5-2кг. Претходно користев виолета и сум исто задоволна. Ама ми здосади да бркам акции, оти ги направија 800 денари.
Во babylove џамбо пакетите се намалува бројот на пелени како што расте бројчето, а цената е иста на сите. Ние користиме 5ка во моментов и се 72 пелени во пакување. Инаку и од мене препорака за овие пелени. 14 месеци сме и од што толку многу ни се погодени, до сега немаме пробано други пелени освен овие. Исто и влажните марамици од babylove што се со 99% вода се одлични.
И јас за првото на крај користев тие од лудл. Супер се пелените. Тогаш често одевме за Бугарија па си правев залихи. Штета сега за второво што немам како да снабдам.
Како залади, секое сабајле е утоп. Ваљда кога беше топло од потење не мочаше толку многу. Сега секое сабајле е мокар. Бејбилов 5ка користиме, вчера пробав со памперс и исти случај. Пелената преполна и пропуштила од што нема кај да собира веќе. Пред спиење пие 200мл ад и еднаш ноќеска/рано сабајле кога ќе се разбуди. Пробав на тоа будење да сменам пелена и после тоа нејќеше да презаспие. Некој слично? Не знам што да напраам.
@nevermet18 пробај со гаќички од бејбилав, поевтини се од памперсот, а нас ни се погодени повеќе, не знам оти од памперсот одма се исфрла. @unearthlysarah а да пробаш со поголемо бројче? Или меѓубројче? Еден преоден период меѓу 4ка и 5ка ко беше исто ни се случуваше со сите пелени шо ги пробавме. Лупилу гаќички зедовме и ние од лидл, сакав да ги пробаме од муабети на форумов, ете нас не ни се погодија. За денски топ, ама ноќеска по 12ч не држат, секое утро пропуштена му беше пелената.
Еден апдејт за пелените. Памперсот овде 19 евра ги направија, акција немаше, а со бебе не ми се одеше до маркетот да користам купон. Зедов Бејбинлов натур 3 ка, мало пакување за да ги пробам. Меки, малку поголеми од Премиум 2 ка, таман всушност ни дојдоа. Ја пресоблеков околу 10, заспа во 11 вечерта и дури во 7 ипол ја пресоблеков оти ми замириса. Какала, мочала, пелената не пропушти. Сега пак се успа, пак какала и мочала и пак не пропушти. Памперс премиум ако не ја избришав веднаш, пропушташе. Не дека не ми беа користени за првото, кога имав прилика купував, ама секогаш Памперс ставав на прво место. Ама засега се подобри, па и помеки. А и цената на Џамбо пакување е 13 евра, секако се со повеќе пелени внатре од Памперс. Оно со попуст мене исто ќе ми дојдат, ама ете се покажаа подобри. Ќе оставам сепак простор да ги доискористиме до крај, па за конечно одлучам дали да продолжам со нив.
Сега брзо почнавме со 5ка и ми изгледа дека му се точни, не знам Ама ќе пробам баш да видам дали е до тоа, фалс ти