Користиме бејбилов од дм, но гледам во кипер имаат акција на некои хело памперс 20 парчиња 115 ден, земавме едно пакување но не ги пробав некако ептен миризливи ми се! Освен мирисот како сте задоволни доколку некоја мама ги користи? Инаку ептен исплатливи како за нас со две бебиња!
Кога конечно нешто ќе ти се погоди а со нормална цена оп се менува пакувањето. Мада и новиве не се лоши на канбебе но тие со виолетови срција ми се покажаа одлични за цената.
Виолета какви се? Никако да се одлучам да сменам памперсот Премиум сега е 1779, околу 200 ден. е покачен .
Нас ни се супер. Ги ротирам Бејби лов и на Виолета. Никогаш немаат пропуштено. Виолета ги користевме од 2 до 10 месеци константно и никогаш сме немале било каква реакција или црвенило. Ги препорачувам
Уште трае таа акција? Јас вчера ги земав последните 2 пакети кај нас. Рекоа дека до вчера била акцијата
Маж земал три пакета дека на акција ваљда ќе ги пуштат пак кога ќе ги дотрошиме. Иначе вчера купив twistshake шише од Еурофарм и добив гратис постелина комплет за креветче. После 4 години пелени и шишиња купување без престан нешто гратис и јас да добијам
Леле ова е многу, овде се покачени и сега се од 18 до 20 евра, со што ако искористеш купон од 25 % доаѓаат некаде околу 15 евра. Во Мк поскапи и тоа со 10 евра речиси. Јас ги сменив заради тоа што Премиум ми пропуштаа кога беше какана. Бејби лов натур ниту еднаш не пропушти до сега. Препорака за нив од мене, доколку менуваш пробај ги овие.
Помеки ми идат од БЛ. Премиум мислам не сум користела да ги споредам . Или не памтам, искрено. Ама и да сум користела сигурно не ми биле толку помеки , ке памтев Хармони користев , тие стварно беа ултра меки , ама нооооогууу скапи бре тие. Пред поскапувањето идеше скоро 30 ден една пелена. Не знам што да ти кажам колку се меки