Здраво мамички, Денес влегов во 9-ти месец, па сакам да почнам да се спремам за доаѓањето на бебчето. Сакав да ве прашам од кои пелени сте задоволни? Си мислев дали на почеток да земам еден пакет Памперс премиум 1-ца (26 пелени), а понатаму да продолжам со Слипи натурал 2-ка, што ме советувате?
И јас размислувам за слипи само незнам дали слипи натурал или слипи био натурал кои од нив се подобри да не имаш прашано некој, со тоа што јас дирекно со нив би почнала а не со памперс премиум.
Многу зависи и колкаво е бебето. Јас за ќерка ми памперс премиум 1-ца користев скоро 2 месеци а потоа се префрлив на памперс актив 2-ка.
Добар план. Добри се Слипи натурал. Можеш и со Виолета, Бејби лав, Кан бебе, Памперс Актив, кои сакаш можеш да ги пробаш па ќе видеш како ќе ти одговара. За почеток еден пакет земи, оти може да се случи да му се појави осип од памперсите. Натаму можеш и по повеќе, и големи пакети да купуваш. Само знај дека брзо се менуваат првите бројчиња во почеток, додека трепнеш ќе дојдете до 4ка.
Здраво мајки, Бебе има 4 ипол месеци и 7ипол кила, би сакала да земам pampers pants 3ка пишува дека се до 11 кила но се помислив да не се помали, има некој искуство? Последно користевме puffies 3 па како да му се смалуваат полека
Луѓе хелп мака мачам со памперс премиум кер или е до грчевите незнам многу ми пропушта ... преку ден не толку ама навечер кога ќе ги крева ноџињата од грчевите многу пропушта и се буди па се расонува дур го пресоблечам....Или курето што му го местам нагоре незнам имал некој ваков проблем па со друг памперс да го решил????
Мами смени бројче, поголемо пробај. Куре никад не сум местела/не местам, не знам од каде потекнува ова, не сум се замарала, немало проб до сега.
Нема врска месеците. Ние 3ка користиме уште пред 2месеци. Види дали го стега памперсот кај бутовите и кај лепенката дали му се прават линии
Мое искуство, не се води од месеците или кг на бебето према кг на амбалажата на пелената, ние на 6 месеци почнавме со 5ка, а поима немам колку беше соодносот кг бебе-бр на пелена. Чим протекува, има проб, значи нешто не одговара.
Не му го мести курето нагоре. Колку кг е? Немаат врска месеците, додуша ни килажата. Да не го одбележуваат? 2че ако користите најверојатно му е мало.
Земи 3ка, на 5kg ја веќе му ставав 3ка. Ако ти е репер, моево користи 6ка Sleepy на 10kg, а според производителот 6ка се од 15-25kg. Води се по детето, не треба да го стегаат на препоните и да му оставаат црвени линии, нити па кај стомачето.