Користи ли некоја Бекутан пелени за бебе, ги видов на акција во Тинекс, ептен ефтини, па да ги пробувам или не? Пробав Еви бејби, ама никакви ми се, ептен крути и картонски.
Имам цело ново виолета double care 5 ka. Сакам да ги сменам за слипи но сум ја фрлила сметката. Ако некој сака да се замениме или да има сметка па да ги заменам во аптека ?
Jas prashav vo Zegin, mi rekoja deka so violeta broj 3 odi samo toa zashtitata za banjanje. A drugite raboti gi nemaa.
Сменив од виолета на бејби лав. Две ноќи по ред и менувам пелена бидејќи пие млеко и многу мочка. Насабајле на грбчето е малку влажна. Дали не ја местам ноќе пелената добро или стварно ми пропуштаат?
Да не и е мала? Што бројче користиш? Мене вчера прв пат ми пропушти, но не беше убаво наместена пелената. Инаку им стојат по цела ноќ и сабајлето се тешки по едно кило пелените.
Во Тинекс до 31.10 се 609 ден, 90 пелени, бр. 4 нз кој број користите, ама сите броеви се на акција. Ако се крути, не би купила, а не ми се купува за проба голема кутија, така се зафркнав со Еви бејби.
Бејбилав на мојата и пропуштаат само ако не и е добро наместена. Инаку стои по цела ноќ и сабајле ако мавнам некој со пелената ќе утепам од шо е тешка. Да не не и одговара бројчето?
Еден месец како и ги користам. До сега до сабајле држеле ама не да е тешка насабајле мислам како ѓуле за далечина е тешка.хахахха. Ама деновиве многу ми кака и има црвено газе. А многу ми се буди ноќе и си викам ај да и сменам пелена. А има шанси и да не и ја местам добро ноќе. Да и е мала не верувам пошто е 8кила (а може и толку нема). Ептен е слаба. Струкченце има и ноџиња чачкалици. Хеланчињата ни се како тренерчиња 4ка користиме.
Може не и ги стегаш доволно,лабави и се,затоа протекува. И нас почнаа во последно да ни пропуштаат ако не сменам сабајле, жива вода ќе е цела. Таман и е бројчето ,ама за преку ноќ ќе земам поголемо да пробам баш. Ако не, ќе ги сменам за друга фирма. Мислам @Bubce38 имаше од пелените од Лидл? Ако можи да кажи како е задоволна
Ние 3ка до година ќе користиме изгледа А може шо викаш ноќе и да не и ја местиш убаво, ама и ако е преактивна ко девојкава дома шо си ја имам, може и од тоа да се изместува цела
Добра и е големината, најверојатно не ја местиш добро. Или пробај со 4+, во големината скоро и да нема разлика, плусчето било за поголема апсорпција.
Јас гаќички имам од тие . Вакви Не сум баш нешто задоволна , ама па и не ги користам нешто мн мн , зошто баш ми иде тешко облекувањето. Имам неколку пакети ,само мама му ги става овие да ги дотрошиме Не би ги купила пак, Виолетата ми се одлични
И јас мислам да земеш да пробаш со поголем број. Ние пред пола месец почнавме со 5ка и после 2 недели секое сабајле почна утоп да се буди. Прашав тука, @IRBBB ми пиша земи поголем број ама си викав зарем толку брзо на број поголем да мењам. И еве веќе 1 недела сме со 6ка и сув е секое сабајле, пелената полна, може да усмрти некој од што е тешка