Ние од премиум се префрливме на актив оваа недела. 4 ка скоро 10 кила сме. Пред некој месец на вакцинација ни дадоа подарок пентс и вчера вечерта и ставив пробно. Вака ок се ама се мислам ако се усере како што знае како бре ќе и ја извадам пелената. Ќе си останам на класика.
Да, на работ од страна. А лепенчето што е позади е за кога ќе ја соблечеш и свиткаш, да ја залепиш да не летаат како насекаде.
Јас од сам старт само babylove имам купуванои еве ден денеска (17 месеци има дечково) ги користам. Супер се и вредат за парите.
Моево е 9 кг и користиме 6ка.земи 5ка и ќе видиш ако ти се видат мали ако има околу бутчињата црвени линии земи 6 ка
Зедов 3 ка Памперс Актив и тоа начекав супер акција од 90 пелени за околу 18 евра. Имав и купон, ресовна цена 23 со 25 % имаш солиден попуст. Ваљда нема да ги израсте 3 ката пред да ги потрошиме, ама 4 ка ми се видоа големи засега.
Ја не сум задоволна од Слипи гаќичките. Каки обавезно пропуштаат. Некогаш знаат и мочки да пропуштат ако ептен мочал ноќеска, па сабајле се буди во вирче.
Не сфатив за кои зборуваш, ако мислиш за Слипи мислам дека 4ка ќе му одговараат на таа килажа, а можда и 3ка, ма да пак се помал калап од Виолета.
Дефинитивно ќе мењам бар за спиење поголемо бројче 4+ или 5. Сабајлево пак утоп. Ама и ноќеска ме премори со будењата. И и давав млеко не знам колку пати.
Ние користиме 4ка памперс актив и исто околу 6кг сме. Ги зедов од порано. 3ката и беа многу мали,4ката на почетокот како големки да и беа ,како да фалеше измеѓу бројче. Но сега веќе и се супер. Дали дека брзо расте во должина па и се смалуваат памперсите не знам ама 3ката многу мали и беа.
Пишува од 6 кг ама гледам дека можело и 4 ка. Ќе ги истрошам овие и после 4 ка. Ко за белја купив 90 пелени.
Слипи веќе не ми се исплаќаат, во нашиов Зегин имаат само Био Натурал што има само 20 парчиња внатре, а е накај 700 денари пакувањето. Сакам да ги сменам со Виолета или Бејбилав, за 10+kg која бројка би одговарала? Слипи носи 7ца моментално, пише за 20-30kg биле овие ама нема врска, 6ката го стегаа на негови 10 кила.
Зависи од висината на бебето На 11 месеци користевме 6ка бејбилав со 11 кила,а сега на 17 месеци користиме 5ка Иако си одговараат на килажата 5ка се од 10-16кг На акција се единечните пакувања во дм,земи и пробај ги
Виолета 5ка мислам таман ќе ви бидат. Многу скапи бре Слипито. 30 и кусур денари една пелена Па памперс премиум не се толку Нели Слипито беа као поефтина варијанта