Абе не знам дали ме вртат фармацевткиве или стварно е така, ми рекоа нема да ѝм носат веќе од линијата Sleepy Natural, демек не ги пакувале веќе и само овие Bio Natural ги имаат веќе месец дена. А каде каде се помалку на број и поскапи. Ќе пробам 5ка од двете фирми, фала ви жени
Толку се , стварно забегале со цената 615ден се 28 пелени . Слипи не се толку wow за таа цена , ги имам земено на два три пати.
Апдејт: Земав Виолета AIR DRY 5ка (уствари маж зема) XXL пакување На првата пелена по 10 минуги ставање се покака и му пропушти и преку боди, и преку панталони, па кога го земав во раце и мене лом ме направи. Ќе видиме на следната како ќе се покаже, ако не ќе ги пробам Бејбилав следни. Ама ќе барам од другарка, нема да купувам цело пакување за една две само. Или мм пак да купи џамбо пакување.
Нема да згрешиш со babylove пелените, земи мало паковање, јас ги користам од прва ден и до сега сум немала мака, презадоволна сум.
И мене Слипи ми беа незаменливи, и со квалитет и со цена, ама големиве бројки цената бато А и достапни се сегде, нема каде нема Зегин, а DM пример у наше село нема Ако имаше, хронично ќе немав плата, не дека се жалам де
Поевтини се Слипи во споредба со Памперс премиум и актив/пентс. Едит: У зегин ли ти рекоа дека нема да донасаат веќе? Оти ги нема у др аптеки.
Онлајн е само залиха од продавницата во Скопје, Маџари така да најубаво во било кој зегин да видат во компјутер каде има. Мене ми се случило така онлајн да стои дека нема а има по некои продавници
10+ кила е моево мешко, ама височко и веќе 6ка му правеа линии на бутчињата па греота ми беше да го стегам кога има поголеми бројки. Врска немаат тие бројките на пакувањата со вистинските бројки за килажа мислам.
И моето е 11кг ама па Виолета 5ка користиме и затоа ми падна чудно. Нема врска, како му одговара така. Најбитно да не го стегаат и да не пропуштаат.
Ама 7ца Слипи се калап голем како 5ка Виолета, тоа е разликата. Слипи се помали каде каде. Затоа голема ти се виде бројката