Девојки, да ми препорачате пелени за новороденче, како и влажни марамици кои се со 99% вода? На Виолета и Sleepy други не знам
Имаш во дм нА бејбилав и пелени и влажни. Јас сум презадоволна од виолетата но бидејќи малата носи 6ка многу ми е скапо виолета или бејбилав.
Пелени Виолета или Памперс Актив. Исто и Бејби Лав од Дм се супер. И Виолета 99 посто вода марамиците се одлични.
Mnogu slicni, da ne recam isti so slipi.. solidni, i deka bea na akcija 369den vo zito uste posolidni
Виолета 4 и 4 макси - голема ли е разликата? Им реков 4 ка во еурофарм ми дал 4 макси Првпат купувам и неможам да увидам дали 4 ката се помали и што е разликата
Имам користено повеќе брендови со керќичката а и со синко и искрено да ти кажам најзадоволна и во однос на цена и во однос на квалитет сум од Baby Love пелените а влажни Sleepy во однос на цената ми се најприфатливи.
Користиме памперс премиум 1ца, но многу често протекува горе кај половината. Новороденче е и според килажа му е таман. Дали уште некој има ваков проблем? Го стегнувам и лепам убаво до што може да е? Почнувам да се нервирам мокар е и во сред ноќ му менувам малку натопена пелена.
Нас ни се памперс актив ептен погодени. Еднаш зедов слипи да ги пробам не се лоши вака. Ама ми пропуштаа неколку пати. Активов ми пропуштил 2,3пати и тоа кога ептен се покака и беше во раце па протече дека преполн памперсот. Инаку цела ноќ ја поминува со памперсот и нема гајле дури сабајлето и менувам пелена. Се мислев виолета и бејби лав да пробам. Не за друго сакам малку дезенот да го сменам монотон ми стана памперсот. Ама не ми се ризикува баш
А мислиш дека тоа е причината за прорекувањето, мал му е? Па што знам вака ми изгледа дека му е добар. Ај ако продолжи ке пробам со 2ка. Зошто катастрофа е кога во сред ноќ, комиран го расонувам за да му сменам чист памперс .
И јас на почетокот користев премиум кога излеговме од болница. Ќерка ми имаше 3 и 100 тогаш и и пропушташе. Поголем е калапот на премиум. Потоа како качуваше килажа ок и беше премиум и не и пропушташе. Ама јас се префрлив на актив после тоа и задоволна сум.
И нас ни се супер актив бејби и често се начекуваат на попуст и ни држат цела ноќ. Единствена маана што ме нервира е малку да мочне одма смрди корне како да не сум сменила пелена 12 саати
Одлични се Babylove, користев само Pampers со првото дете, сега користам Babylove, многу се мекани, тенки, супер се, и поевтини. Кога ке имаш прилика пробај
Ниту еднаш до сега му немат пропуштено, а пелената ја ставам во 8 вечер до сабајле до 6. 5 кг е 2ка користиме, ќе почнеме со 3ка веќе. Пробај со поголем број. Исто позади горе има едно делче што треба да е извадено нанадвор, провери да не ти останува свиено внатре. И мн битно ако е машко, пилето да му е надоле
Од виолета наградната игра да не ви се јавија бе мами? Знам отеков, ама нестрплива сум, башка имам еден тон козметиКа а не ми се свиѓа баш. Јас како течен сапун си ја користам