Мене Не ми побараа ниту еднаш пелена. Прашав каде да ги оставам пелените кои ги носам , рекоа имале. Пред да си одиме им ги оставив сите кои ги носев . Канбебе носев јас , ми беа кажале дека тоа време такви имале во Чаир дадени како за реклама . Ама коа го донесов дома синко видов дека имаше Бекутан пелена
Нели јас трубев со денови за мочка дека ми пропуштаат од кај лепенката. Епа отидов во Зегин, купив Дајперс, Канбебе, Памперс актив и пробав. Бејнилов иначе имав. Дајперсот ми е хартија, целото дете линии, мокро е коа ќе го соблечам. Пропушта. Канбене пропушта уште повеќе, ласфици има кај бутките постегнати, ама лепенкоте фаќаат послабо, као Слипи ме потсеќаат. ( а за мене тоа е најнеквалитетна пелена ). Памперс актив не ми пропушти ич цела ноќ, 12 саати на ку*рлево мое шо моча нагоре цела ноќ. Не стигнав да пробам Виолета ( ама ми дадоа тестер во болница, не ме бендиса ич) и Пафис дека не најдов 5ка. Ќе останам дефинитивно на Памперс ноќе, Бејбилав дење. Лове натуре се покрути како похартиени.
Мене ми земаа по неколку дневно, остатокот си го донесов дома. Не им ги ставаат тие што ги носиш, што им дојде при рака, тоа. Јас носев Памперс ама на него најдов кан бебе
А како е калапот на baby love premium со pampers active baby? Моментално на 7.5 кг бебе користам преку ден 4-ка active а за навечер и ставам 5-ка дека спие на меше цела ноќ па се случуваше после 10+ часа да пропуштат од напред.
Не е добро за ножињата да спие на меше цела ноќ, така ми е кажано од ортопед, ми рекоа да го вртам на грб или на страна.И мене поголеми памперси ми пропуштаат, поубави ми се кога се точен број.
Поголем памперс и ставам за навечер бидејќи се повисоки за да не пропуштат. А за спиење на меше...па си ротира таа сама ама како и да ја наместам се врти. Не секоја вечер е на меше изгледа зависи од расположение
Ние сме секоја вечер на меше, многу малку на страна. Сам си се мести нема како да го вртам јас. Од 2 месеци спие на меше, сега сме 9++
За спиење на меше, и која било позиција поразлична од спиење на грб: има нешто што се вика Sudden Infant Death Syndrome, односно синдром на починување на деца помлади од 1 година оддеднаш и во сон. Една од причините е спиење на меше (особено за деца помали од 4 месеци) или на страна, затоа што најчесто не знаат како да се вратат назад на грб. Спиењето на меше е особено корисно за оние кои имаат грчеви, но препораката е децата до една година да спијат во кој било позиција различна од грб само под постојан надзор на родител.
Мајки, се осеќам како мажена да сум за памперс актив, детево ќе ми полни 6 месеци а јас воопшто не сум задоволна од нив и упорно ги купувам Имам пробано слипи и виолета и од нив не сум задоволна и повторно се враќам на памперс иако и тие ми пропуштаат, цела недела имавме проблем со потечна столица и ми прокиснуваше ајде реков до тоа е но денес ПАК ми прокисна од мочка. 8.5кг е бебе, 4ка користиме да не треба веќе 5ка да сменам? Значи увек мака мачам кога е измеѓу бројка после ќе се среди 2-3 недели па 2-3 недели прокиснува и така во круг, ми се смачи
Пробај со гаќички, можеби не ги стегаш убаво ако мрда многу при местење.Има и на слипи гаќички јас ги користев со поголемото синче и не ми протекоа никогаш.
Сите во лепењето ме опоменаа, ама не, убаво ги лепам сигурно, не ми е логично да е до тоа бидеќи прокиснува константно 2 недели после 2-3 недели воопшто не.
Сето тоа го знам ама кога го ставам бебе на грб се буди. Од 2 месеци е на меше па жив и здрав е. Сега е 9++ се врти ноќе и на двете страни ама на грб боже сачувај
Си пробала Baby Love? Јас од кога е роден ги користам, сега е година и пол и никогаш други немам пробано, никогаш не ми пропуштиле.
Јас ги имам користено еднаш лани земав 3 ка или 4 ка не се сеќавам,имаа некоја акција и ми беа убави,не се лоши.