Навечер ми прокиснува, преку денот никогаш не се случило. Од околу еден месец до еве повеќе од година користам Виолета. Задоволна сум генерално, освен за навечер. Веќе 6ка користиме. Не знам што да земам за навечер да нема проблем. Легнува да спие кај 20:00, околу 24:00-01:00 станува за да пие млеко, го преслекувам, а некогаш се случува и да не стане и да спие до 6:00. И да го преслечам и да не го преслечам во 5-6 веќе е прокиснат. Со девојчето немав проблеми вакви, веројатно дека мокрачата се распоредува и напред и назад по памперсот (истите и за неа ги користев), а кај машково само напред и прокиснува од кај мешето. Плус и на меше спие. Виолета некако изгледа се плитки за навечер. Некој совет?
Ке се цитирам сама себе, за два дена бебе рани на газе, незнам дали е од нив, иначе доста се покрути и погруби на допир пелените пуфис, а за протекување не ми пропуштиле до сега.
Јас од втор месец ги користам актив и сум задоволна. Кога ќе приметам дека и стануваат пократки напред, без разлика дали ја стигнала килажата одма земам еден број поголеми и комбинирам преку ден помалите додека ги потрошам а за навечер поголемите. Пример бебе е сега 7.8 кг, преку ден 4-ка а за навечер 5-ка (не ја гледам килажата што е наведена на пелените).
Можно е да е од нив, внука ми од canbebe имаше такви рани. Да зедов 5ка еве се разбудивме суви е сега ќе видам со какање дали ќе прокисне, претежно овие две недели со такво прокиснување ни е маката
Ова претежно ми се случува кога е измеѓу бројка, денес ни од 4ките не прокиснува Буквално од кога се роди мака мачам со тоа. Кога беше измеѓу 3ка и 4ка и од двата ми прокиснуваше додека не ја стигна 4ката убаво
Која е најголема бројка од памперс актив? 6ка или 7ка? 6к виолета дефинитивно ми е мала за навечер, не знам што да земам, како се со калап-големина памперсот спрема виолета некој да има искуство?
Мајки имате користено Виолета Change Mats, да ми опишете какви се, на google ненаидов на јасни слики.
Прескапи се, кабебе се трипати поефтини. Баш денес кан бебе земав 8 подлоги 120 денари. И во зегин има ама многу ми се долги..
Убави се на виолета подлогите. Ок се и бејбилов и кан бебе ама помали се и некако ми се изместуваат, кај бебуш прета и тие се собираат. Јас ги користам на слипи, во зегин се моментално 179 денари, големи се колку виолета, а се со подобра цена. Спојлер
Од помалите 60х60, најисплстливи се подлогите на минис во рамстор што се продаваат - 125 денари се 10