На мојава и 5ка ќе и се добри имам пробано, ама и 4ка се океј, сигурно за брзо ќе ги мењаваме на 5ка. Се додека си е супер, немаш проблеми со протекување или ластиците да се познаваат не е проблем мислам.
За споредба на Памперс и Бејбилав исти ли се по големина, или бејбилав се помали? Пример 4ка Памперс и 4ка Бејбилав? И да не се крути Бејбилав или се меки како Памперс?
Иста големина се,ние користевме 5ка памперс па се префрливме на бејбилав 5 Исти се како памперс ,мене и поубави ми се и дизајн и меки,и не протекуваат
Исти се по големина. А за мекост, бејбилав се дури помеки и потенки од памперс. Мене ми се многу поубави од памперсот.
Мислам дека 5ка. Колку кг е твојта женска? Мојата со 9кг користи 5ка. Разликата помеѓу 4 и 4+ е минимална.
За 7кг бебе виолета кој број треба да носи? Јас купувам уште 3ка, по што гледате дека треба поголем број?
Ако го стега на бутките или ако пропуштаат значи дека треба да земеш поголемо бројче. Пробај земи 4ка, и да се големи сега за брзо ќе ги искористиш.
Да да, ние 5+ користиме а нема џамбо од тие, од старт сме со бејби лав и стварно се супер, до сеа не пропуштиле ни па некоја иритација и имаат направено ама изгледа ќе сменам 70ден ги покачиле па не се баш добри, земав 6ки џамбо залиха да имам сигурно и нив ќе ги покачат после акцијава.
Користиме pampers sensitive br. 2, мали му се веќе и треба да почнеме со поголем број. Се мислам помеѓу pampers active и babylove, може мислење да ми дадете и кој број би требала да земам за бебе 7-8 кг.
Ние од старт користиме бејби лав и стварно немам забелешка за памперсите (освен што ги поскапеа хаха), 4+ користевме кога имаше 8кг, ама ќерка ми баш има бут и ја отцртуваа а не прокиснале до сеа ниту еднаш, тенки се и не мирисаат на мочки за памперс не би знаела да ти кажам.
Ние користиме памперс уште од почеток. Актив бејби 4ка од 7кг почнав да му зимам, 3ките го стегаа а не е буцко туку таман. И бејбилав имам користено добри се, ама не ми е дм секогаш успат па памперс ми е попрактично од таа причина. Протекле неколку пати, дури и какушка ако ептен некоја бомба пушти. Ама тоа не верувам дека некоја пелена ќе го задржи. Мојов е баш актив бејби, нон стоп прета, една секунда не е мирен и само памперс му држат. Еднаш земав слипи демек да пробам, се одлепуваа за брзо време, а гаќичките се многу плитки некако.
Почнавме со Sleepy 1ца. На почеток со прематурно бебе претенки бутчиња, се случуваше да пропуштат, баш и беа широки. Цел месец тераме со 1ца. Веќе на 3кг бебе се точни, скоро и да не пропуштиле. Меѓутоа кај и да е за некој ден преминуваме на 2ка конечно, само да го дотрошиме пакетот.