Јас овие ги користам. До сега немам Памперс купено, дупло се поскапи а и немам потреба да сменам кога сум презадоволна. Имаат обични имаат и гаќички од пелениве. Јас обични користам веќе 10 месеци. Купувам големо пакување околу 940 денари се 90 пелени. Килажа пишува на нив, соодветни со напишаното. На пример 4 е за 7-14 кг. Синко има 10 кг и таман му се. Имам и BabyLove користено, одлични и тие се, ама овие за нијанса подобри ми се. Пробај и баш кажи мислење
Ние користиме памперс 2ка, 46 пелени се скоро 700ден. А на зегин онлине гледам овие доста поевтини се овие за истата големина.
еве цени во Зегин. Ме збуни малку @monik55 )) Sleepy се речиси дупло поевтини. Мене ептенн ми се погодија, земи помало пакување за проба да видиш дали ти одговара. Јас имав Бекутан, Виолета, Памперс, Кан бебе пробано (од бесплатните примероци што ги даваат) и овие ми се баш меки а издржливи.
@Снегулк@23 Одете во Зегин и побарајте. Они се увозници и им одговара да се трошат нивните пелени. На маж ми кога се породив и кога беше да ми купи пелени ми донесе 3 примероци по 2 пелени од Слипи. А Бекутан, Памперс и Кан бебе ми ги дадоја во Ремедика кога се породив. Исто сет по 2 пелени за проба. Нека не ви е незгодно, имаат samplings еден куп во Зегин ) Барем ќе знаете за сигурно одговараат или не
Многу беа широки во струкот. Ако имаш манекенче нема да бидат ок. Цел пакет фрлив зошто му беа огромни
Моја грешка. Никогаш до сега немам видено во Битола исто и овде имаа коментирано членки дека нема 5+ џамбо, па затоа помислив дека нема воопшто.
Добивме торта од пелени од кумовите со Памперс Премиум. Се убаво, впиваат, меки се, високи итн ама веднаш после ставање барем мене ми мирисаат многу, како да немам цел ден сменето пелена на бебе, а памперсот скроз чист.
Исто и мене ми мирисаа памперс одвратно и тоа уште со синко и затоа ги сменив,така да не си сама.Сега не би купила пак здравје памперс никогаш мислам дека ради таа миризба.